Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 12 » Најџел Фараџ: Сакате со ЕУ војска да ја уплашите Русија? Кого вие залажувате, господине Јункер!? (ВИДЕО)
    11:06 PM
    Најџел Фараџ: Сакате со ЕУ војска да ја уплашите Русија? Кого вие залажувате, господине Јункер!? (ВИДЕО)

    Најџел Фараџ: Сакате со ЕУ војска да ја уплашите Русија? Кого вие залажувате, господине Јункер!? (ВИДЕО)

    Лидерот на Британската партија на независноста и пратеник во Европскиот парламент, Најџел Фараџ, го прашал Жан Клод Јункер дали навистина верува дека војската на Европската Унија може да ѝ се спротивстави на Русија и го прашал „кого се обидува да залаже“, пренесуваат британските медиуми.

    Евроскептикот Фараџ кажал и дека приказната за ЕУ војска е една голема илузија, како и дека сите тие системи веќе постојат, пренесува Раша тудеј.

    „Ја имаме агенцијата на ЕУ за одбрана, борбени групи на ЕУ во активна служба низ светот, ЕУ морнарица која се бори против сомалиските пирати“, објаснил Фараџ и саркастично додал дека дури сега му е јасно зошто британскиот премиер Дејвид Камерон признава дека Британија не може да ги одбрани ни сопствените острови, односно дека тоа затоа што следува формирање на војска на ЕУ.

    „Тони Блер беше во право. ЕУ не е проект на мирот, туку проект на моќта“, додал Фараџ.

    „Господинот Јункер тука ја гледа шансата. Ние со својата експанзија и желбата за зголемување на бројот на членки го испровоциравме конфликтот во Украина, со стап ја чепкавме руската мечка, а сето тоа е одлична прилика да се реализира идејата за формирање ЕУ војска“, кажал Фараџ.

    „Јункер вели дека мораме да ја убедиме Русија дека сме сериозни. Кого вие залажувате, господине Јункер!?“, прашал Фараџ предизвикувајќи ошта смеа во парламентот. Тој го завршил својот говор со констатација дека тој не сака ниту еден дел од Европа да се милитаризира, и дека е убеден дека истото го мислат сите граѓани на Европа.

     

    Да потсетиме, пред неколку дена Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, ги повика членките на ЕУ да се формира европска војска за да се зголеми безбедноста на Унијата, но и како одговор на Русија на растечките тензии во Украина.

    https://youtu.be/NiUtdZyL_Mk

    Извор: “МКД“

    Views: 299 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024