А.Корбико: ’Македонија победи во нападот на странска шпионажа и се бори за својата економска иднина со балканскиот гасовод’
„Македонија е клучната земја во поврзувањето на остатокот од Балканот со предложениот гасовод на Русија и економскиот коридор на Кина од Грција спрема Унгарија. Груевски е доволно прагматичен да работи и со двете големи сили на актуализирање на овие проекти, додека Заев целосно би ги отфрлил овие планови само за да ја задоволи волјата на своите надворешни поддржувачи.“изјави Андреј Корбико, руски аналитичар за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце.
Во продолжение аналитичарот додава дека „Ова е суштината на прашањето“, вели Корибко. „Проектите на Русија и Кина имаат потенцијал економски да ја трансформираат Македонија и повторно да ја откријат земјата како мост меѓу Истокот и Западот, Северна Европа и Јужна Европа.“ Тој продолжува со забелешката дека „Визијата на Груевски за земјата е таа да се вклучи во мултиполарноста и рамнотежата меѓу сите страни во полза на Македонија, додека Заев сака надворешната политика на земјата да им ја подреди на надворешните актери и да ја приватизира економијата во нивна корист“, истакнува тој.
Осврнувајќи се на интересите на Заев, Корибко забележува „Самиот Заев е ништо, оној и она што стои зад него е сè.“
Токму сега, вели Корибко, Македонија е во средината на осмислена „обоена револуција“, при што Заев неуспешно се обидува да ги изведе Македонците на улица за да го претвори Скопје во Киев.
„Што мислите, зошто тој го испланирал својот прв голем протест на 22-ри февруари, на годишнината од украинскиот државен удар?“ прашува Корибко. „Тој испраќа порака дека ако премиерот Груевски на капитулира пред шпионската уцена, тој ќе ја претвори Македонија во Украина, со сите импликации на граѓанска војна што ги повлекува тоа“, заклучи рускиот аналитичар
Познатиот руски аналитичар, кој работи за американксото радио Спутник, во интервјуто за „Гласот на народот“ натаму појаснува„Всушност, неодамнешните откритија докажаа дека Верушевски и неговите заговорници конкретно разговарале за можноста нивните планови за државен удар да ја втурнат земјата во граѓанска војна, пa, сепак, одлучиле во секој случај да продолжат со нив. Корибко вели дека без оглед на тоа како ќе се реши кризата, Заев веќе им нанесе сериозна штета на економијата и угледот на Македонија. Со дестабилизација на состојбата во земјата, Заев ги одбива многу потребните странски инвестиции. Непознавачите, кои не ја разбираат ситуацијата целосно, сега имаат впечаток дека Македонија е земја на работ на политички колапс, а кога мислат дека е во очајна ситуација, тие ќе ја третираат со помалку достоинство и почит“.истакнува,Корбико. Во врска аферата „Пуч“, рускиот аналитичар ,дискутираше за причините што стојат зад обидот за државен удар во земјата. Корибко верува дека CIA и NSA имаат алтернативни членови на опозицијата и поранешни припадници на разузнавачките служби за креирање на „обоена револуција“ во насока на соборување на премиерот Груевски.Но, во тоа нема да успеат бидејќи е јасно дека македонскиот народ верува во премиерот Груевски како и неговите заложби за македонската перспектива..оценува Корбико.
Околу, новата афера и тајната средба на лидерот на СДСМ Заев со Претседателот на ДИК, Рилковски и со судиката Виолета Дума кои се составен дел на ДИК и делигирани преставници на СДСМ во ДИК, аналитичарот коментираше де во моментов Заев „го ескалираше обидот за ’обоена револуција’ со тоа што тајно се состана со членовите на изборната комисија. Тој притиска да се поништат резултатите од последните избори и покрај фактот што тие се меѓународно признати. Тој се обидува да создаде вештачка изборна криза“, вели Корибко и додава дека тоа „би можело да доведе до предвремени избори кои тој и неговите приврзаници може да ги лажираат. Ако не можат да ги украдат гласовите, за својот пораз ќе ја обвинат владата за ’местење’ и тоа ќе го искористат како сигнал за покренување на „обоена револуција“ со полна сила“ Конечно, заклучува Корибко, Заев и силите зад него сакаат да ѝ го променат уставното име на Македонија, што потоа целосно би го променило нејзиниот идентитет.
„Исто како што Турчинов, Јаценјук и Порошенко радикално го променија идентитетот на Украина во кусото време во кое беа на власт, така и Заев и неговите партнери ќе ѝ го направат истото на Македонија, доколку успеат со државниот удар. Никој веќе не ја препознава старата Украина, таа неповратно е претворена во сосема поинаков ентитет денес. Ваква иста судбина на хипер-приватизација, економски колапс, и граѓанска војна ја чека Македонија ако Заев ја преземе власта, и тоа ќе биде крај на земјата што светот ја познава во моментов, со еден збор: Македонија победи во нападот на странска шпионажа се бори за својата економска иднина со балканскиот гасовод...“, изјави Андреј Корбико, руски аналитичар за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на ТВ Сонце.
http://makfax.com.mk/analizi/a-korbiko-makedonija-pobedi-vo-napadot-na-stranska-spionaza-i-se-bori-za-svojata-ekonomska-idnina-so-balkanskiot-gasovod
Извор: “Макфакс“
|