Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 2:59 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 14 » Русија го засилува медиумското присуство во Србија
    3:28 AM
    Русија го засилува медиумското присуство во Србија

    Русија го засилува медиумското присуство во Србија

    Од почетокот на годинава, српската публика може да ги следи и вестите на сервисот кој се финансира од Москва. Претходно со години можеа да ги следат оние кои се финансираат од Вашингтон или Берлин.

    Големиот германски филозоф Јирген Хабермас вели дека не постои зададена или апсолутна вистина, туку е вистина она во што луѓето веруваат со консензус. Во идеален случај. Доколку нема консензус, тогаш постојат повеќе паралелни вистини. Некои им веруваат на едни, некои на други. Никогаш тоа не било толку видливо како денес, во време на масовни медиуми и кризи кои поларизираат како онаа во Украина.

    Слушателите и читателите во Србија од годинава можат да ја дознаат и руската „вистина“ во ново руво. На пример дека нема докази оти Русија на било кој начин е вмешана во кризата во Украина. Дека анексијата на Крим била воена операција која ќе го внесе Владимир Путин во историските читанки. Или дека санкциите на ЕУ против Москва и‘ штетат токму на ЕУ, бидејќи се воведени под диктат на Вашингтон.

    Новата платформа Спутњик е всушност дел од мрежата на државната медиумска куќа Раша Тудеј, задолжена за радио и онлајн известување. Засега единствен балкански јазик на програмата е српскиот. Тоа не е единствениот руски глас во Србија - веќе подолго време владиниот весник Росискаја газета има издание на српски јазик под името Руска Реч и се дистрибуира со весниците Политика и Геополитика.

    Уредничката на српската програма на Спутњик, Љубинка Милинчиќ вели дека руските медиуми преку Гласот на Русија се долго присутни во Србија, но дека дури сега добиле современ и прилагоден пристап кон публиката. „Меѓу Србија и Русија отсекогаш постоеле многу блиски врски. Свесни сме дека Србија има свои национални интереси, култура, историја, традиција“. Како главна мисија Спутњик го наведува она што е главно мото на мрежата на сите јазици: „Го зборуваме она што другите го премолчуваат“.

    Намален интерес на Западот

    Милош Теодоровиќ, шеф на белградското студио на Радио Слободна Европа, поинаку гледа на руското присуство во медиумите: „Тоа секако треба да се гледа во контекст на промената на односите на релација Исток-Запад. Јасно е дека и Москва е заинтересирана за поголемо медиумско присуство во зоните во кои постои простор за нејзин, така да кажам, рејтинг“.

    Во меѓувреме, по војните од 90-те години, светската јавност го загуби интересот за регионот. Би-Би-Си уште во 2011 целосно ја укина програмата на српски, додека некои, како Гласот на Америка, вложуваат премалку за воопшто да бидат видливи во јавноста. Можно е трендот на повлекување на западните медиуми да продолжи, прогнозира Теодоровиќ. „Сепак, од друга страна се создава простор за постоење на програми кои не се зависни од ниту еден извор на финансирање - ни тајкунски, ниту на политичкото лоби. Во последните три години дојдовме до таа точка - потребата од програми какви што се Слободна Европа или Дојче Веле да биде најголема од падот на Милошевиќ“, вели тој.

    Примајќи ги кон почетокот на февруари новинарите на Спутњик, претседателот на Србија Томислав Николиќ не пропушти во иста реченица да спомене колку му е драго што и руските и европските „пријатели“ известуваат од Србија. Иако е големо прашање дали просечниот српски граѓанин може со собирање на „баби и жаби“ да дојде до сопствено независно мислење, сепак, барем компарацијата на вестите во случајот на двата споменати медиуми е доста олеснета.

    Извор: “Дојче Веле“

    Views: 230 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024