ВАНЕ КОСТУРАНОВ ДОНЕСЕ ЉУБОВ ВО СКОПЈЕ
Дваесеттината изложени дела продолжија да му отвораат пат на младиот автор до домовите на почитувачите на ликовната уметност
Струмичкиот сликар Ване Костуранов кој уште со својата прва изложба во Скопје силно ја привлече публиката, вчеравечер со последната, наречена „Улица љубов“ отворена во Младинскиот културен центар ја потврди, со години градената искрена врска со неа. Дваесеттината изложени дела, акрил на платно со лани насликаните куќи и цели улици фасцинираа многумина и продолжија да му отвораат пат на младиот автор до домовите на почитувачите на ликовната уметност. (К.Б)
Извор: “Утрински Весник“
|