Исланд ја повлече кандидатурата за влегување во ЕУ
Исланд се откажа од кандидатурата за влегување во Европската Унија, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата, откако сегашната евроскептична влада го вети тоа по победата на изборите во 2013 година.
„ЕУ и Исланд дискутираа за позицијата на земјата во врска со статусот на нејзината кандидатура за влегување во Европската Унија“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Исланд. „Владата нема намера да ги продолжи подготовките за членство во ЕУ.“
Исланд прво аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, но сега Гунар Браги Свеинсон, министерот за надворешни работи, во соопштението вели дека ги информирал Латвија, која сега претседава со ЕУ, и Европската комисија дека неговата централно-десничарска влада решила да го повлече барањето.
Извор: “МКД“
|