Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 14 » По 150 години ќе биде ставен во функција источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил“
    3:38 AM
    По 150 години ќе биде ставен во функција источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил“

    По 150 години ќе биде ставен во функција источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил“

     

    Деновиве во тек се активностите околу реконструкцијата на источниот конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ крај Прилеп, која започна во 2012 година и треба да заврши кон крајот на оваа година заедно со проектот за конзервација на влезната порта.

     

    „Општина Прилеп располага со голем број на објекти од културно – историско значење и нивната заштита и конзервација отвара можност за развој на манастирскиот туризам. Со изградбата на патот до манасторот Трескавец и сега со изградбата на патот до манастирот во Зрзе се олеснувва достапноста до овие културно–историски богатства кои се во нашата општина“, истакна прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

    Директорката на „Завод и Музеј“, Гордана Данилоска Спироска, пак, посочи дека за оваа година предвидени се повеќе проекти од областа на заштита на културното наследство.

    „Предвидено е да биде завршен и усогласен со Законот за градење проектот за реконструкција на конаците на манастирот Трескавец, по што би се очекувало во почетокот на јуни да се распише тендер за избор на изведувач на градежните работи. Оваа година, исто така, предвидено е да се изработи проект за конзервација на црквата и трпезаријата и проект за конзервација на магерничкиот конак и камбанаријата’, рече Данилоска Спироска.

    Во програмата на Министерството за култура влезен е и во завршна фаза на реализација е проектот за конзервација на монашкиот конак во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе, каде што при крај се градежните активности околу изградбата на патот.

    Во текот на 2015 година ќе биде изработен и проект за конзервација на покривот и архитектурата на манастирската цркна „Свети Никола“ во село Манастир, а исто така предвидена е и да се реализира втората фаза од конзервација на фрескоживописот во истата црква.

    До почетокот на мај се очекува да заврши проектот за конзервација на куќата на Жеревци, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ бр. 130, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура

    Средствата за реализација на овие прокетите на Националната установа „Завод и Музеј“ – Прилеп се обезбедени од страна на Министерството за култура.

    http://makfax.com.mk/kultura/aktuelno/po-150-godini-ke-bide-staven-vo-funkcija-istocniot-konak-od-manastirot-sv-arhangel-mihail

    Извор: “Макфакс“

    Views: 310 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024