Продолжуваат масовните воени маневри во Русија, 20 брода вежбаат во Балтичко Море (ФОТО+ВИДЕО)
Русија се подготвува за одвраќање воена агресија од копно, воздух и вода на своите граници на западот, северот, истокот и југот во рамки на симултани огромни воени маневри низ целата земја, пренесува Раша тудеј.
Моторизираната пешадија, борбената авијација и специјалните сили Спецназ се во највисока борбена готовност во сите девет часовни зони во Руската Федерација, вклучувајќи ги регионите Волга, Урал, Западен Сибир, Источниот регион и Пацификот, Северен Кавказ и долж границата со земјите членки на НАТО до Балтичко и Црното Море.
Воените маневри се одржуваат во исто време со воените вежби на американската војска во Балтичкиот регион и поморските маневри на НАТО во Црното Море.
Проверката на готовноста за реакција на руската армија вклучува на 76.000 војници, над 10.000 парчиња воена опрема и специјална техника, 65 воени бродови, 16 пловила за поддршка, 15 подморници, 200 воени авиони и хеликоптери.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/prodolzhuvaat-masovnite-voeni-manevri-vo-rusija-20-broda-vezhbaat-vo-baltichko-more#1
Извор: “МКД“
|