Церар против продолжување на санкциите за Русија
Словенечкиот премиер Миро Церар изјави во четврток во Брисел дека не е вистинско време да се носи одлука за продолжување на економските санкции против Русија.
„Мислам дека сè уште не е вистински момент за одлука за продолжување на економските санкции“, рече Церар пред новинарите на самитот на ЕУ, на кој се расправа и по прашањето на санкциите против Русија, во случај на непочитување на примирјето во Украина.
Словенечкиот премиер смета дека е потребно да се даде дополнителен простор и време на обете спротивставени страни да се види како се исполнува мировниот договор од Минск.
Церар потврди пред новинарите дека го поканил рускиот премиер Медведев во лето да ја посети Словенија на традиционалната словенечко-рускакомеморација на Вршич, горски премин кон Австрија.
Во Словенија секоја година, делегации на обете држави, во таканаречената руска капела го одбележуваат загинувањето на руските воени заробеници кои во 1916 година го граделе патот на планината Вршич и загинале во лавина.
http://makfax.com.mk/svet/region/cerar-protiv-prodolzuvanje-na-sankciite-za-rusija
Извор: “Макфакс“
|