Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 22 » ИНТЕРВЈУ - ГТЦ ЗАСЛУЖУВА МОДЕРНИЗИРАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ
    4:26 AM
    ИНТЕРВЈУ - ГТЦ ЗАСЛУЖУВА МОДЕРНИЗИРАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ

    ИНТЕРВЈУ - ГТЦ ЗАСЛУЖУВА МОДЕРНИЗИРАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ

    Потребно е, пред се' , објектот да добие статус на културно градителско наследство и следствено на тоа, режим на заштита, задржување на неговата автентичност и оригиналност“, вели Даница Павловска-Циги, експретседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија

    Билјана Ангеловска



    По бројните протести и „гушкања“ на ГТЦ, најавата за референдум е првиот конкретен чекор кој влева некаква поголема надеж дека, сепак, најстариот трговски центар во државата ќе се спаси од барок. Дали сте подготвени за евентуални притисоци за да не се одржи референдумот? 

    Граѓанската иницијатива ГО САКАМ ГТЦ секогаш одбирала префинети форми на исказ на отпор кон предвидената интервенција на комплексот ГТЦ, која само во жаргон се нарекува барок, така што беше логично да се дојде и до законски предвидениот демократски механизам - референдумот. По долгото игнорирање од страна на градоначалникот на град Скопје, г. Трајановски, навистина радува неговата изјава дека го поддржува референдумот како демократско средство на одлучување. А бидејќи тој е претставник на актуелната политичка гарнитура која го нарачува нагрдувањето на ГТЦ, не би требало да има притисоци. 



    Што мислите, дали треба да има референдум за граѓаните на цело Скопје, а не само за жителите на Центар, бидејќи ГТЦ е на сите скопјани? 

    Да, постои флоскула „ГТЦ е Скопје“ и тоа доаѓа од силното чувство на припадност на сите жители на градот Скопје, сите оние со елементарна урбана култура, сите што го сметаат за дел од идентитетот на градот. Вредностите на ГТЦ, по значење, ги надминуваат границите на општината, градот, државата, и просторно, и временски. Тој претставува пример на архитектонска структура од задолжителната литература за архитектите и урбанистите, препознатлива по традиционалните елементи на чаршијата во својот концепт, а се' уште претставува и современ и функционален комерцијален простор со модерен архитектонски израз. 

    Дали се обидовте ова што го постигнавте со Жерновски да го направите и со градоначалникот на Скопје, поточно дали побаравте поддршка за референдумот и од Коце Трајановски?

    Ние веќе ја добивме поддршката од г. Трајановски.



    Доколку референдумот биде успешен, кои ќе бидат натамошните чекори?

    Се очекува успешен референдум, а потоа отворање дијалог со сите релевантни во третманот на ГТЦ, што ги подразбира сопствениците, бидејќи се работи за специфичен вид сопственост на приватници, државата, заедничка..., потоа управувачите, односно менаџерскиот тим, па конзерваторите/реставраторите, другите од сферата на заштитата на културното наследство, но секако, и граѓаните-корисници, особено што се работи за објект во кој околу 60 проценти се јавен простор, поточно од 121.101 квадратни метри бруто-површина на објектот, заеднички простори се 73.872 квадрати. Тој концепт на објект-улица и го чини чувството на припадност толку силно. 



    Што би значело за самиот ГТЦ, а потоа и за Скопје, целосното менување на автентичноста на објектот, негово комплетно преслекување во некој сосем друг стил, независно дали е тоа барок, или нешто друго? 

    Тоа би значело сквернавење на некои свети вредности на овој народ (затоа што претставува заедничко културно наследство), нецивилизирано однесување (затоа што се игнорираат стручни и разумни аргументи во искажаните ставови на компетентните), површност (неизвесен финансиски профит наспроти огромна културолошка загуба), потоа примитивизам (не постојат соодветни студии за одржливост, енергетска ефикасност, социјалниот аспект и сл.). Би значело и висок ризик, бидејќи е можен бојкот во идното користење на деформираниот објект и на крајот, навредливо непочитување на волјата на граѓаните потврдена со околу 10.000 потписи.



    Што предлагате да се направи за ГТЦ? 

    ГТЦ заслужува внимателно негување, модернизирање и усовршување, подобрување на перформансите, воспоставување повисоки стандарди со нови технолошки решенија, воспоставување енергетска ефикасност... Сегашната навредливо лоша состојба само укажува на неопходна брза интервенција за негово закрепнување. Потребно е изнаоѓање одржлива формула за негово нормално функционирање. Пред се', одредување на неговиот статус како културно-градителско наследство и следствено на тоа, режимот на заштита, изготвување проектна документација со задржување на неговата автентичност и оригиналност, како и нејзина брза реализација. Постои еден труд изготвен од тим архитекти-следбеници и на професорот Живко Поповски кој може да биде показ за соодветен приод кон интервенција на објектот, или поточно, негова и содржинска и естетска надградба со која не се нарушува основната идеја на авторите.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 229 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024