Русија: Данските воени бродови би можеле да станат легитимна мета на руските нуклеарни ракети
Данските воени бродови ќе станат легитимна цел на руските нуклеарни проектили доколку Данска се придружи на „ракетниот штит“ на НАТО, предупредил денес рускиот амбасадор во Данска Михаил Вањин.
„Јас мислам дека Данците не ги разбираат целосно последиците доколку Данска се придружи на американскиот ракетен штит. Ако тоа се случи, данските бродови стануваат мета на руските нуклеарни проектили“, изјавил амбасадорот за весникот Јиландс постен.
Вањин предупредил дека Данска со одлуката за пристапување кон штитот ќе изгуби „и пари и безбедност“.
Данскиот министер за надворешни работи Мартин Лидегард веднаш изразил незадоволство од коментарот на Вањин.
„Ова е очигледно неприфатливо. Русија добро знае дека системот на НАТО е одбранбен. Ние со Русија се разидуваме околу повеќе важни прашања, но важно е тонот да остане колку што е можно позитивен“, изјавил тој за Копенхаген пост.
Извор: “МКД“
|