Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 24 » Блиски ми се непарните ритми и јужниот сентимент
    1:34 AM
    Блиски ми се непарните ритми и јужниот сентимент

    Блиски ми се непарните ритми и јужниот сентимент

    Уште како дете слушав македонски народни песни, со нив израснав, тие се нераскинлив дел од мојата музичка генеза. Блиски ми се непарните ритми, јужниот сентимент. Македонската традиција ми е стожер, репер за добра музика, а искуството од соработките со македонски музичари незаменливо, вели Атанасовски, чиј проект „Оган и мраз“, реализиран со Влатко Стефановски и Камерниот гудачки оркестар на Словенечката филхармонија, премиерно беше претставен во саботата на сцената на Домот на АРМ

    ВАСКО АТАНАСОВСКИ, САКСОФОНИСТ И КОМПОЗИТОР 

    Васко Атанасовски е еден од најкреативните музичари на словенечката музичка сцена. Тој е саксофонист, флејтист и композитор, а неговата музика е фин еклектичен спој на џез, рок, етно и класична музика. Зад себе има 11 албуми, за кои доби голем број награди и позитивни одгласи од критиката. 
    Атанасовски пишува и музика за театар, балет и за куклени претстави. По потекло е Македонец. Оттаму сосема е логичен и неговиот музички порив во својот опус вешто да инкорпорира и сегменти од македонската музичка традиција. Токму таков е неговиот проект „Оган и мраз“, кој го реализира со Влатко Стефановски и Камерниот гудачки оркестар на Словенечката филхармонија, што премиерно беше претставен и пред македонската публика во саботата на сцената на Домот на АРМ. 
    Проектот, како што вели Атанасовски, е исполнет со звуци од земјата на сонце и вода, оган и мраз. Спојот на македонската и словенечката музичка традиција, надополнета со класични звуци на симфониски оркестар, е доминантна музичка содржина околу која ротира проектот „Оган и мраз“. 

    Како се роди идејата за овој проект? 
    - Средбата со Влатко Стефановски беше сосема случајна. Ми побараа од еден словенечки магазин интервју што имаше неконвенционална форма, музичар да разговара со музичар. Тоа беше нашата прва средба, на која почувствувавме дека имаме слична енергија како музичари и така спонтано се роди идејата за проектот „Оган и мраз“. Веќе имав договорено голем проект со Камерниот гудачки оркестар, му се јавив на Влатко, кој веднаш прифати заеднички да ја заокружиме целокупната звучна слика. Од првичната иницијатива поминаа речиси две години. Проектот најнапред го претставивме на Љубљанскиот фестивал, потоа имавме снимање за Радио-телевизија Словенија, со него го отворивме фестивалот „Лент“... и одиме натаму, саботниот концерт беше премиерно претставување на проектот и во Македонија.

    Инспирацијата од македонската традиција е составен дел од вашиот творечки опус. Таа е носечка сила и во овој проект, надополнета со „традиционалниот“ симфониски звук. Како успеавте да направите толку вешт спој?
    - Долго време се занимавам со оркестарска музика, а етнозвукот е присутен во многу мои композиции. Порано повеќе работев со џез-состави, а сега со симфониски оркестри. Во овој проект не сакав оркестарот да биде само слика, а неговиот звук да се базира само на долги тонови, туку да го извлечам максимумот од симфонискиот звук. Класика со елементи на импровизација, тоа беше примарниот концепт на овој проект, тоа го прави и Влатко Стефановски како врвен инструменталист со индивидуален пристап. Приказната на импровизацијата нѐ врзува во овој проект, секој солист да извлече повеќе од секоја композиција. Во проектот се обработени и македонски и словенечки песни, спојот е одличен.

    Освен со Влатко Стефановски, соработувавте и со „Фолтин“, со Драган Даутовски... Роден сте во Словенија, но имате силна генетичка поврзаност со македонската музика. Кој сегмент од македонската традиција ви е најзанимлив?
    - Уште како дете слушав македонски народни песни, со нив израснав, тие се нераскинлив дел од мојата музичка генеза. Блиски ми се непарните ритми, јужниот сентимент. Македонската традиција ми е стожер, репер за добра музика, а искуството од соработките со македонски музичари незаменливо. 

    Изминатата година ви беше доста интензивна, имавте турнеи во Аргентина, Индија, концерти во повеќе европски земји. Каква ви е концертната агенда за оваа година?
    - Оваа година ќе биде малку порелаксирана, иако повторно ќе имам настапи и во Словенија, но и во Швајцарија и Германија. Договорени се неколку концерти на сцената на Љубљанска драма, а наесен планирам уште неколку поголеми турнеи. Моментално работам на музика за театарска претстава.
     
       
    Автор: А.Д.
    Views: 261 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024