Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 24 » Компактноста на музичарите ѝ даде нова димензија на музиката
    1:36 AM
    Компактноста на музичарите ѝ даде нова димензија на музиката

    Компактноста на музичарите ѝ даде нова димензија на музиката

    Комбинацијата на двајца страсни и возвишени музичари како што се Влатко и Васко создаде одлична атмосфера исполнета со многу енергичност и поврзаност на крајно различни чувства и емоции, како што кажува и насловот на целиот проект „Оган и мраз“

    КОНЦЕРТ НА СТЕФАНОВСКИ СО КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА СЛОВЕНЕЧКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

    Влатко Стефановски целата своја музичка кариера ја посвети на истражување на новите музички правци, а секако во преден план е македонската традиција. Иако во изминативе четири децении тој свири со различни формации и музичари, сепак последниот проект „Оган и мраз“ е една од неговите најзрели музички креации.
    На двата завчерашни концерта во Домот на АРМ, Стефановски заедно со Камерниот гудачки оркестар на Словенечката филхармонија и солистот на саксофон и флејта Васко Атанасовски понуди нова димензија на музиката што ја свири подолг период.

    ЗНАЕЊЕ И ПОСВЕТЕНОСТ

    Една од најбитните работи во овој проект е тоа што Влатко не беше тој што „изнасилено“ е водач на ансамблот, туку една суптилно лежерна водилка. Ако во минатото бевме навикнати да го слушаме Стефановски како ја „цеди“ гитарата, сега тоа не беше така, затоа што проектот „Оган и мраз“ се заснова на компактноста на сите инструменталисти на сцената. Токму со таа компактност се покажуваат супериорноста и професионализмот на музичарите, кои даваат сѐ од себе публиката да може да ја почувствува енергијата.

    Секако не треба да се заборави дека ваквите проекти бараат големо знаење и посветеност во работата, што Стефановски несомнено го има во себе. Своето специфично свирење на гитарата овој пат Влатко го претстави на еден поинаков начин, кој малкумина умеат да го направат. Јасно е дека инструментот има безброј можности, но кога тој ќе се најде во негови раце добива друга димензија, затоа што тој умее да го извади и да го отсвири токму тој звук што најмногу одговара во дадениот момент. Иако песните од типот „Јовано, Јованке“, „Калајџиско оро“ или „Џипси меџик“ сме ги слушале безброј пати, на концертите тие секогаш звучат различно, ново, свежо и провокативно.

    ВРВНА КОМБИНАЦИЈА

    Леснотијата со која словенечкиот камерен гудачки оркестар ги изведе македонските ритми беше еден од оние воодушевувачки моменти, пред сѐ поради тоа што овдешната публика многу добро ги познава и е сериозен судија. Со својот начин на изведба, кој истовремено беше и агресивен и нежен, музичарите ги покажаа својата музичка дефинираноста и искристализираното чувство на слободно изразување.
    За разлика од нив, саксофонистот и флејтист Васко Атанасовски е човек што знае да си поигрува со тоновите. Неговата импровизирачка способност дава несекојдневно доживување затоа што во ниеден момент не бега од основната хармонија, туку само ја дополнува и ја надградува. Комбинацијата на двајца страсни и возвишени музичари како што се Влатко и Васко создаде одлична атмосфера исполнета со многу енергичност и поврзаност на крајно различни чувства и емоции, како што кажува и насловот на целиот проект „Оган и мраз“.

    Сѐ на сѐ, овој проект на Влатко Стефановски ќе остане запаметен како еден од најдобрите, иако и во минатото нашиот гитар-мајстор имал неверојатни проекти, како што се „Балкан хорсес бенд“ или оној со Мирослав Тадиќ. 
    Искуството што Стефановски го има зад себе е тоа што го прави толку бестрашен и способен да се соочи со секој предизвик.
     
       

    Автор: Михајло Грбевски / mihajlo.g@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

      Фотографија: Дарко Андоновски
    Views: 245 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024