Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 25 » На денешен ден бомбардирањето на НАТО врз Југославија стана сурова реалност, каква што сега е кризата во Украина
    5:17 AM
    На денешен ден бомбардирањето на НАТО врз Југославија стана сурова реалност, каква што сега е кризата во Украина

    На денешен ден бомбардирањето на НАТО врз Југославија стана сурова реалност, каква што сега е кризата во Украина

    Апсурдите на некои актуелни политички и воени интервенции, кои во моментот на случувањето изгледаат праведни и целисходни, најдобро може да се проценат со одредена временска дистанца.

    Денеска се навршуваат 16 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО на Србија во име на заштита на цивилното население и на терористите, како еден вид предупредување за да се запрат репресиите против борците за независност меѓу албанското население на Косово.

    А токму тоа цивилно население беше, а и натаму е најголемата жртва на оваа 78-дневна НАТО интервенција во Србија извршена во име на светскиот мир, а без одлука на Советот за безбедност на ОН. Последиците од употребата на забранетото оружје со осиромашен ураниум се присутни и 16 години потоа. Статистиката за бројот на заболените од рак во регионот најдобро го покажува тоа.

    Според официјалните бројки на Белград, близу 2.500 српски цивили се убиени, а 12.500 се повредени за време на бомбардирањето, кога беше употребено оружје забрането со меѓународните конвенции. Додека во Србија се сеќаваат на жртвите и на последиците од бомбардирањето со осиромашен ураниум, во центарот на Приштина е подигнат споменик на тогашниот американски претседател Бил Клинтон како држи книга, на чии корици е изгравиран датумот 24 март 1999 година. Само две години пред тоа, во мај 1997 беше потпишан Основачкиот акт на НАТО и Русија меѓу Брисел и Москва, кој требаше да ја создаде илузијата дека Русија е „безбедносен партнер“ на западниот воен блок. Две години потоа, бомбардирањето на НАТО на Југославија стана сурова реалност, и покрај жестоките противења на Русија.

    Дури и сојузниците на Америка беа изненадени од решителноста на Вашингтон да ги предводи силите на НАТО во војна. Тогаш САД јасно ја покажаа решителноста да користат сила по завршувањето на Студената војна и ништо не можеше да го спречи НАТО да бомбардира една европска престолнина првпат по Втората светска војна. Германскиот адмирал Елмар Лудвид Шмелинг, поранешен шеф на германската разузнавачка служба, а потоа шеф на контраразузнавачката служба на НАТО, тогаш напиша: „Се срамам како човек и офицер, дека мојата земја по трет пат во овој век ја нападна малата Србија“.

     

    Симболиката на почетокот на агресијата на НАТО, која беше потсмевање со меѓународното право, против тогашна СР Југославија е присутна и кај актуелните случувања во Украина. Од активната улога на меѓународната заедница во внатрешните случувања во Украина лесно може да се изведе паралелата со настаните од пред 16 години. И тука во име на заштитата на цивилното население, лесно се посегна по употребата на касетни бомби со осиромашен ураниум. Многубројни злосторства врз цивилно население во Србија останаа неразјаснети, слично како и минатогодишниот случај на загинати цивили во Одеса, на Крим. За време на украинската криза бевме сведоци на катастрофални и насилни судири со кои на власт дојде нелегитимна влада во која има и националисти и антисемити, но очигледно е дека меѓународната загрижена заедница нема проблеми да го игнорира тоа.

    Она што е интересно е дека американската надворешна политика „косовскиот модел“ и натаму го третира како пример за успешно спроведена интервенција и покрај нарушувањето на меѓународното право, како модел што Вашингтон често ќе го употребува. До следната епизода.

    Извор: “МКД“

    Views: 251 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024