Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 25 » Радио Спутник: Балкански тек ќе ја запре ’балканизацијата’ на регионот
    5:20 AM
    Радио Спутник: Балкански тек ќе ја запре ’балканизацијата’ на регионот

    Радио Спутник: Балкански тек ќе ја запре ’балканизацијата’ на регионот

     

    Балканскиот тек, пред сé, ќе ја запре балканизацијата, која претствува стратегија на поделба и освојување применувана одамна од страна на Британската империја, а потоа и од „американската империја“, со што ќе се создаде економска соработка, која ќе воспостави мир во регионот,изјави амариканскиот аналитичар Умберто Паскали, во отворената програма на американско-руската радио трибина Спутник од Москва.

     

    Притоа американскиот екперт за глобалната политика додава ...„ Ова ќе биде на штета на американската политика на Балканот“, рече Паскали, а потоа зборуваше за актуелните обиди за изведување ткн „обоена револуција против демократски избраното раководство на Македонија“.

    „Оваа дестабилизација е под диригентство на ’чудото од дете’ на американската надворешна политика, Џорџ Сорос, кој насекаде финансира ’обоени’ револуции, а потоа и на самиот Стејт департмент, со Мелија, заменикот на Викторија Нуланд, кој го брани обидот за државен удар“, потенцираше Паскали.

    На трибината учествува и двајцата аналитичари од Израел и Македонија, израелски автор и политички коментатор Израел Ариел Шамир и Слободан Томиќ, новинар и автор на Прогрмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце

    Домаќинот на Андреј Корибко, и самиот политички аналитичар, во текот на популарната неделна програма „Црвена линија“ на руската станица Радио Спутник, не ја изостави можноста да ја постави темата: „Зошто странска разузнавачка служба го организира и нареди пучот врз владата на Груевски, а во реализација на Заев“.

    Притоа Ариел Шамир забележа дека една од важните причини е „македонскиот премиер Груевски, и неговата одлучност за гасоводот ’Балкански тек’“.

    Експертската дискусија „Јужен тек: живот по смртта?“ во врска со изгледите на Балканскиот гасовод и неговото влијание врз Македонија и регионот во целост, ја разви дискусијата и во насоката на создавањето или возобнувањето на нови светски блокови, при што познатиот израелски аналитичар Шамир рече дека „.. со современите изуми, како што се гасоводите, всушност се обновува мозаикот на старите империи, бидејќи Македонија, Грција, Унгарија, сите се дел од поранешната Отоманска империја, а пред тоа, дел од стара Византија, која традиционално, е многу тесно поврзана со руското царство“.

    Тој продолжи со анализата дека „додека Западот успеа да го преземе Балканот по Втората светска војна или, поточно, во првата половина од XX век, сега на некој начин можеме да видиме одреден процес на повторно освојување на овој дел од светот од сојузот на Турција и Русија. На еден многу интересен начин, гледаме еден вид повторување на старите игри меѓу трите големи империи“. Шалом заклучи дека „Турција е најстабилна од потенцијалните држави на Балканскиот тек и дека потпирањето врз Турција е многу добар чекор на рускиот претседател".

    Задржувајќи се на трансбалканскиот гасовод ткн „Турски тек“ и неговото влијание, американскиот аналитичар Умберто Паскали во отворената симултана радио трибина во Москва, не ја изостави можноста да ја додаде својата забелешка дека „населението се мобилизира зад премиерот Никола Груевски, чијашто ’грешка’ е што не ги прифати санкциите против Русија и го поддржува овој гасовод, па во овој момент, ние се наоѓаме сред оваа борба“.

    Тој ситуацијата ја спореди со „еден вид битка за Сталинград“ во поглед на енергијата, бидејќи „силите кои досега го контролираа движењето на енергијата кон Запад, нема да дозволат... независен извор на енергија, што ќе биде под контрола на суверените држави во регионот.”

    Паскали, исто така, оцени дека Балканот се наоѓа „во средината на оваа битка, која навистина може конкретно да нé донесе до крајот на униполарниот свет, во економска и политичка смисла“, како и дека „секој треба да ја поддржи земјата-предводничка, малата земја која е на чело на оваа борба за независност и за мултиполарен и демократски свет, Република Македонија и премиерот Никола Груевски“.

    На крајот од трибината на угледниот американски-руски форум на московското радио Спутник, учество зема и македонскиот новинар ,Слободан Томиќ, кој се надоврза со македонската перспектива за ваквиот развој на балканската драма.

    Откако спомена дека Македонија има пријателски односи со сите земји, вклучувајќи ги и САД, Тимиќ посочи дека „сите во Македонија знаат оти Зоран Заев и неговиот спонзор од сенка, Црвенковски, примаат наредби од моќни странски разузнавачки служби, служби на САД“, и дека „Заев е марионета, а американските разузнавачи ги влечат неговите конци.“

    „И покрај обидот да се подбуцне ’обоена’ револуција со години, рече Томиќ, „конечно беше дадена наредба да се оди со полна брзина на дестабилизација откако рускиот претседател Владимир Путин најави во декември дека се разгледува алтернативен правец за Јужниот тек. Целта на соборувањето на демократски избраната влада на Македонија е да се спречи Русија независно да извезува енергија и да се прекине патот на енергијата кон Балканот и кон сите други земји во Европа, исто како што САД направија со државниот удар во Киев минатата година“, посочи тој.
    Притоа Томиќ, продолжи со опис на плановите за дестабилизација, наведувајќи дека „Џорџ Сорос и неговите ’соросоиди’ вложуваат огромни суми пари за финансирање на дестабилизацијата и дека „американскиот Стејт департмент испроба многу трикови против (Македонија)“, но досега, сите пропаднаа.

    „Македонија не е Украина“, рече посочувајќи на огромната масовна поддршка што премиерот Никола Груевски ја доби за време на големиот митинг минатата недела „со што се покажа единството на Македонците и нивното одбивање да бидат дел од обоен“ револуција или од граѓанска војна“.

    Примарната разлика меѓу Западот и Русија, оцени Томиќ, е тоа што „додека големите сили на Запад се обидуваа да ја држат Македонија во позиција на изолација од Москва, претседателот Путин ни кажа дека не сме изолирани, туку потребни, и благодарение на премиерот Груевски, ние сме земја од суштинска важност на картата на балканскиот и европскиот развој“.

    Томиќ го заврши своето учество во радио-мостот изразувајќи надеж дека проектот за Балканскиот тек, и на Македонија, и на Грција, со руско посредување, може конечно да им донесе решавање на нивниот долготраен спор, повторувајќи го предлогот првично изразен од Паскали во „Гласот на народот“ во декември.

    http://makfax.com.mk/analizi/radio-sputnik-balkanski-tek-ke-ja-zapre-balkanizacijata-na-regionot

    Извор: “Макфакс“

    Views: 302 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024