Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:44 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 26 » Хималајски хет-трик на Дејановиќ
    4:40 AM
    Хималајски хет-трик на Дејановиќ

    Хималајски хет-трик на Дејановиќ

    Македонскиот алпинист ја заокружи својата „хималајска трилогија“ и вчера стапна на најопасниот и најмалку искачуван врв во светот, Анапурна 1 (8.091 метар)

    ПО МОНТ ЕВЕРЕСТ И К2, СКРОТЕНА И АНАПУРНА 1

    Голем, несекојдневен подвиг оствари македонскиот планинар и алпинист Здравко Дејановиќ. По искачувањето на највисокиот светски врв Монт Еверест (8.848 метри) во 2010 година, потоа на најтешкиот и втор по височина врв, К2 (8.611 метри) во 2014 година, Дејановиќ ја заокружи својата „хималајска трилогија“ и вчера стапна на најопасниот и најмалку искачуван врв во светот, Анапурна 1 (8.091 метар).
     Ова е прво искачување на Анапурна 1 годинава. Покрај Дејановиќ, на врвот стигнаа уште тројца кинески алпинисти, по еден од Финска, Турција и од Иран и шесте шерпаси. Вообичаено обидите за искачувања на Анапурна 1 се во април-мај, наместо во март-април, но промената беше направена за да се избегнат снежните лавини, кои се најголемата опасност за алпинистите во тој периодот од годината.

    - За Анапурна 1 почнав да правам планови многу брзо по искачувањето и враќањето од Монт Еверест, за кого претходно мислев дека тоа е тоа, крај, по него нема друго во овој спорт. Но, кога малку се одморив и ги средив мислите, почна да ме јаде црвот и како следна цел веднаш ми се наметна Анапурна 1, од многу причини. Тоа е еден од најопасните врвови за искачување, што се гледа и од малата бројка, под 200 успешни обиди, од првото во 1950 година. Годишно од неколку десетици врвни алпинисти, само еден или двајца стигнуваат до врвот, а во 2013 и 2014 година ниту еден. Тие работи ми беа предизвик и некаков вид инспирација - изјави Дејановиќ за „Нова Македонија“ пред заминувањето за Непал, во февруари.
    Анапурна 1 е десетти светски врв по височина и еден од 14-те над 8.000 метри. Тој е и првиот искачен врв над 8 км, на 3 јуни 1950 година од Французите Морис Херцог и Луис Лашенал. Враќањето на Дејановиќ во Македонија би требало да биде за десетина дена, освен ако тој не реши да се искачува на уште еден хималајски врв, Лотце (8.516 метри), четвртиот по височина во светот.


    Дејановиќ и искачените врвови над 5 км

    ВРВ    ЗЕМЈА    ВИСОЧИНА    ГОДИНА
    М. Еверест    Непал    8.848    2010
    К2    Пакистан    8.611    2014
    Анапурна 1    Непал    8.091    2015
    Музтаг Ата    Кина    7.546    2009
    Пик Ленин    Киргистан    7.134    2011
    Аконкагва    Аргентина    6.959    2006
    Елбрус    Русија    5.642    2005
    Арарат    Турција    5.137    2004


     
       

    Автор: Ласте Димитриевски / laste.d@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 275 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024