Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 27 » Саудијците го нападнале Јемен со 150.000 војници и 100 бомбардери, нафтата рипнала (ВИДЕО)
    0:37 AM
    Саудијците го нападнале Јемен со 150.000 војници и 100 бомбардери, нафтата рипнала (ВИДЕО)

    Саудијците го нападнале Јемен со 150.000 војници и 100 бомбардери, нафтата рипнала (ВИДЕО)

    За да се воспостави редот во Јемен можеби ќе биде потребна копнена офанзива, изјавил денес саудиски безбедносен извор, само неколку часа откако Саудиска Арабија почнала воздушни напади врз оружените формации на Хутите, кои се сојузници на Иран.

    „Не можеме да ја оствариме својата цел за враќање на легитимната влада ако го контролираме само небото над Јемен. За воспоставување на редот можеби ќе биде потребна копнена офанзива“, изјавил изворот за Ројтерс.

    Денес ги затворил главните пристаништа, откако Саудиска Арабија и нејзините сојузници почнале да ги бомбардираат силите на Хутите кои се борат против јеменскиот претседател кој е поддржан од Западот.

    РИА Новости пренесува, повикувајќи се на локални извори, дека бројот на жртвите од воздушните напади стигнал до 65.

    https://youtu.be/eeAvKNy6yww

    Руската агенција го пренесува тврдењето на неименуван извор од граничните служби дека на претседателот на Јемен Абдурабу Мансур Хади не му било дозволено да пребега во Оман и дека сѐ уште се наоѓа на територијата на Јемен.

    Се проценува дека тој ќе се обиде да пребегне во Саудиска Арабија.

    Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф порачал дека Иран ќе направи сѐ за да се сопре кризата во Јемен.

    „Воздушните удари предводени од Саудиска Арабија треба веднаш да престанат бидејќи претставуваат кршење на суверенитетот на Јемен. Ние ќе направиме сѐ за да ја сопреме кризата“, изјавил Зариф.

    https://youtu.be/cQLlNvipwcw

    И додека Москва објавила дека е загрижена поради развојот на ситуацијата во Јемен и дека треба да е прекине воената акција, Белата куќа соопштила дека САД ја поддржуваат офанзивата и дека претседателот Барак Обама дозволил „логистичка и разузнавачка“ помош за Саудиска Арабија.

    Како реакција на воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз јеменски бунтовници, цената на нафтата на светските пазари рипнала за околу 6 отсто.

    https://youtu.be/yHHWJQZORbk

    Извор: “МКД“

    Views: 273 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024