Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 30 » Шаќир Војвода- Крсте Ѓермов
    7:30 PM
    Шаќир Војвода- Крсте Ѓермов

    Шаќир Војвода- Крсте Ѓермов

    Пред својата смрт војводата во разговор со Лазар Колишевски во 1961 година истакнал: ..Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па додов да ти кажам дека на Дворот велгувавме сите: едни низ главаната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа... освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев...

    Крсте Гермов – Шаќир (Прилеп, 1875/6 – Скопје, 1962) – е македонски револуционер, деец на ТМОРО, мариовски војвода и народен јунак. Дејствувал во Мариово, на планината Ниџе и Кајмакчалан. Заедно со Толе-Паша, ликвидирал неколку османлиски зулумџии во Мариовско. Со своја чета  зел учество во Илинденското востание во 1903 година. Османлиските власти го осудиле на 101 година робија.Учествувал и во Балканските војни во 1912 и 1913 година, а потоа емигрирал во Бугарија. По Ослободувањето се вратил во Македонија во 1944 година и бил избран за народен пратеник. Починал во длабока старост. Се обидел и во поезијата, напишал околу 50 песни на историски теми. Неговиот лик е претставен во романот на Столе Попов „Шаќир Војвода“, а е опеан и во повеќе македонски народни песни.Крсте Гермов е роден во 1875/6 година во Прилеп. Како млад се стекнал со образование, а подоцна работeл како кројач. Сакал да раскажува приказни, но како и поголем дел од неговите сограѓани, бил голем шегобиец и мајатапчија. За да објави дека градот е рисјански, на турските порти во Варошкото маало во Прилеп им цртал крстови. Сметајќи дека си имаат работа со разбојник, Турците ќе го наречат Шаќир, по некој турски арамија. Во текот на животот Крсте користел неколку псевдоними(шест прекари), како на пример Аргир, но прекарот Шакир му останал до крајот на животот. На повеќе кладенци во областа изградил чешми и тие ќе го носат името  Шекирова чешма.Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население. Во 1901 год. влегува во ТМОРО, во четата на прилепскиот војвода Петар Ацев. Прилепскиот комитет на Македонската револуционерна организација ги испратил Петар Ацев и Крсте Гермов Шакир во Мариово, за да формираат револуционерен комитет во оваа област. Тие успеваат да го придобијат познатиот Толе Паша, а со тоа и да го придобијат поголемот дел од населението. Особено преку Шакир Војвода, кој бил назначен за секретар-инструктор во четата, Толе Паша активно се вклучил и формирал револуционерни комитети во повеќе села во Мариово.Крсте Гермов (Шакир) бил многу способен војвода кој бил омилен помеѓу населението во Прилеп и Мариовскиот регион,. За цело време во предилинденскиот и илинденскиот период, како и потоа тие го помагале, обезбедувајќи му храна, засолниште и пари за Организацијата. За време на Илинденското востание Крсте Гермов Шакир учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востание како реонски војвода во Мариово, со неговата чета води повеќе борби против турскиот аскер и башибозук, како и со српските и грчки чети. Во 1904 година го придружува Ѓорче Петров, а после е со војводата Никола Каранџулов.Кон крајот на 1906 година, Крсте Гермов Шакир и неговиот другар Иван Ѓуров биле сардисани во една прилепска куќа. По долга борба тие се предаваат на Турците, откако за нивните животи гарантирал италијанскиот офицер во служба на Турците Ѓузепе Луци. Предавајќи ја својата судбина во рацете на италијанскиот офицер, тие најпрво биле одведени во прилепскиот а подоцна и во битолскиот затвор. По долготрајното судење, во кое биле изнесени бројни сведоштва за револуционерната дејност на македонскиот војвода, судот донел пресуда со која Крсте Гермов Шакир бил осуден на смрт. Под притисок на Италијанците, посебно на офицерот Луци кој му го гарантирал животот и бил таен симпатизер на македонските комити и нивното дело, судот по кусо време ја преиначил пресудата, осудувајќи го на казна затвор од 101 година. Шакир останал во затворот се до младотурската револуција 1908 година, кога со прогласувањето на „Уриетот“  на 24 јуни истата година е амнестиран од новата власт.По ослободувањето, Шаќир најшрво заминал со Иван Ѓуров во Прилеп, каде што им бил приреден дочек, а по кратко време отишол за Солун. Во градот се сретнал со Горче Петров, кој го запознал со Јане Сандански, Христо Чернопеев, Димо Хаџи-Димов и други македонски дејци. Дружејќи се со федералистите, Шакир ги запознал нивните идеи, а по враќањето во Прилеп, заедно со Наум Тошев формира федеративна група на луѓе со слично мислење.Во пролетта 1909 година Шакир заминал за Софија каде што на средбата со Горче Петров добил наредба активно да дејствува против велико-бугарските клубови во Прилеп. За да може да ја исполни задачата, по враќањето во градот есента истата година, Шакир отворил сопствен ан. Меѓутоа, по влошувањето на политичката состојба во 1910 година, Турците барајќи склад со оружје, го затвориле Шакир, Петре Ацев и други од неговата група. Иако подложени на мачење, Турците не успеале да дознаат каде е складот. По една недела еден дел затворените, меѓу кои бил и Петре Ацев, преку Битола биле интернирани на островот Родос, а Шакир и дел од затворените биле ослободени.На почетокот на балканските војни, сметајќи дека дошло време за конечно ослободување од турското ропство,  македонското население масовно зема учество. Во Прилепско, на повикот за војна, населението масовно се пријавувало и се формирала месна милиција од повеќе чети. Во прилепско биле мобилизирани околу 1.000 милиционери и на 15 октомври 1912 година разбиле еден турски коњанички одред на просторот меѓу Прилеп и Плетвар. На 20 октомври го ослободиле селото Тополчани, а на 23 октомври 1912 година влегле во Прилеп како ослободители.Во прилепскиот реон се борела и четата на Крсто Гермов, која била наречена Прилепски летечки одред. Во неа, главно, влегувало месно население и содејствувало со четата на ВМРО на војводата Милан Ѓурлуков. Иако содејствувале со српските воени формации удирајќи во тилот на турската војска и им овозможиле на српската војска да ги пробие турските позиции на Присад, поради што војводата Ѓурлуков добил лично благодарност од српскиот престолонаследник кнезот Александар, набргу српските власти ја заборавиле помошта на македонскиот народ.По доаѓањето на српските војски во Прилеп, сите чети ги нарекувале бугарски, а војводите Ѓурлуков и Шакир, како штетни за српската политика, ги затвориле. Упорно тврдејќи дека е Македонец и дека дејствувал само како македонски војвода, по многу сослушувања Шакир го пуштиле, мислејќи дека во иднина ќе можат да го искористат во полза на српската пропаганда.Крсте Гермов-Шакир со многу други Македонци, заминал за Солун а оттаму тргнале кон Црно Море, со цел да им помогнат на сојузничките војски во борбата против Турците. Секоја наредба, секое движење и борба, Шакир ги прифаќал единствено со надеж дека со тоа ќе придонесе и неговата Македонија да биде слободна. Сепак прогоните, затворањата и масовните убиства, го потиснале македонското националноослободително движење, па голем дел од македонските општествени дејци и револуционери биле принудени да емигрираат во соседните земји.Во 1913 г.одина заедно со сите македонски доброволни дружини, Шакир бил доведен во градот Гурѓина. Подоцна, Шакир и Македонците од Македонско-одринското ополчение биле мобилизирани и одведени во Софија. Во 1914 г. бил земен во бугарската војска и од сите Македонци била формирана една дивизија која била наречена „Единаесетта македонска дивизија" во која Шакир бил назначен за командир на Првиот вод во Првата чета од Петтиот македонски полк. Има добиено орден за храброст од IV редВо 1917 година Шакир одбил да земе учество во борбите против Србите во мариовскиот крај, Поради тоа бил испратен на принудна работа во Петтата етапна дружина која правела патишта и морал да насипува чакал по макадамските патишта. Таму останал се до 1918 година од кадешто се вратил во Ксанти. Тука ги оживеал контактите со приврзаниците на идејата за автономна Македонија, како Димо Хаџи-Димов, Михаил Герџиков, Ѓорги Скрижевски и други.По војната Крсте Гермов Шакир живее во Софија и активно се занимавал со револуционерна дејност се до смртта на Димо Хаџи-Димов (13 .IX. 1924), кога со цел да се уништи македонската прогресивна мисла, започнале масовни убиства. Оттогаш па се до 1944 година, Шакир останал само љубопитен посматрач на политичките случувања во тогашна Бугарија. За време на неговиот престој во Бугарија работи во трамвајската служба и истовремено членувал во „Прилепското добротворно друштво", а во 1935/36 година соработувал и со списанието „Македонски вести“.Желбата да се врати повторно во Македонија никогаш не го напуштила. Во Македонија се вратил по Втората светска и како највозрасен народен пратеник од Прилепско на 01.09.1946 година го отвора Првото заседание на Македонското народно собрание. Пред својата смрт војводата во разговор со Лазар Колишевски во 1961 година истакнал: ..Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па додов да ти кажам дека на Дворот велгувавме сите: едни низ главаната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа... освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев...Последните години ги поминал во друштво со Стале Попов. Починал во Скопје на 17 декември 1962, а погребан е со високи почести на Старите прилепски гробишта во родниот град Прилеп. Прилепчани достоинствено ќе го испратат својот јунак.Опишувајќи го испраќањето на Војводата Шакир до неговиот вечен дом, неговата ќерка Нада Гермова – Бабиќ во едно свое интервју (Дневник, 02.08.2006) ќе изјави: „Река од луѓе течеше крај одарот поставен во Домот на Армијата да му се поклонат. Трпеливо, со часови, прилепчани чекаа да му оддадат последена почит. Речиси цел Прилеп излезе на последното испраќање на својот сограѓанин. Погребната поворка беше долга со километри, од центарот до Гробиштата. Со државни почести, високи државни, локални функционери и блиски соборци, старо и младо се простија од Шакир. Никој не ги извади граѓаните на улица. Не ги тераше да положуваат цвеќиња. Тие го сакаа како свој јунак оти им беше симбол на протест, гордост и простум. Ги водеа само сеќавањата и раскажувањата за храбрите акции на Шакир“.

     

    Извор: “Мариово филм“

    Views: 255 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024