ВИДЕО: Под секира боровите пред Влада
Се касапат боровите пред Владата. Утринава почна сеча на малото парче зеленило десно од влезот на владиниот објект.
https://youtu.be/c1Xnw_GMPc0
Стеблата очигледно се здрави и витални поради што не е јасно зошто се уништуваат.
Неколкудецениските борови најверојатно пречат на погледот кон “ремек делото“ односно репликата на барок владината зграда.
Пред неколку месеци владината Служба за општи и заеднички работи донесе одлука за оградување на објектот со ограда вредна 700.000 евра, нешто што ниедна Влада не го направила досега, посебно ако како оваа се декларира за блиска сдо народот. Боровите по се изгледа беа пречка и за ова “барок“ дело во вид на ограда.
Маја Васева
Извор: “А1он“
|