Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 8 » Зјус: Меркел е главниот агент на САД во Европа
    0:49 AM
    Зјус: Меркел е главниот агент на САД во Европа

    Зјус: Меркел е главниот агент на САД во Европа

    Одобрението на германската влада да им се дозволи пристапот на американски компании за екстракција на гас од шкрилци на германскиот пазар, како чекор кон воспоставувањето на Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) меѓу САД и ЕУ, на крајот ќе донесе штета за европската економија. И во овој случај германската канцеларка Ангела Меркел постапува како „главниот застапник на САД“ во Европската унија, смета американскиот политички аналитичар Ерик Зјус.

     

    Аналитичарот смета дека мерките кои беа донесени на 1-ви април ќе придонесат американските компании да се обидат да ја истиснат Русија од германскиот енергетски пазар, а во поглобалната перспектива, ќе придонесе до воспоставување на Спогодбата за Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство, што подразбира прилагодување на европското законодавство на согласност со новите правила, коишто ќе бидат неповолни за развојот на европските економии.

    Истовремено, тврди Зјус, германската влада сфаќа дека тие мерки може да доведат до поголемо незадоволство меѓу населението, а имено затоа го „одобри нацрт законот во пробен период“. Сепак, авторот на статијата објавена на истражувачкиот интернет ресурс infowars.com, истакнува дека усвоените одредби дозволуваат почетокот на производството на гас од шкрилци во Германија во големи размери.

    „И покрај тоа, Ангела Меркел призна пред неколку месеци дека Русија секогаш точно си ги исполнувала своите обврски од договорите за гасот и, според тоа, претставува сигурен партнер“, пишува Зјус.

    Според аналитичарот, обидот на Германија да се откаже од рускиот гас само ќе доведе до „зголемувањето на нееднаквоста во богатството меѓу ЕУ и САД“, а Меркел со донесувањето на таквите мерки покажа дека „им служи на интересите на САД“ во Европа.

    На почетокот од април владата на канцеларката Ангела Меркел, одлучи Германија да го дозволи контроверзното хидраулично кршење, попознато како фракирање, за потребите на тестирањата за евентуалните наоѓалишта на гас, но меѓу пратениците врие незадоволството, бидејќи сметаат дека не се поставени соодветни еколошки критериуми.

    Нафтените компании сметаат дека во северните низини на Германија има резерви од гас од шкрилци кои би можел да ѝ ја намали на земјата зависноста од рускиот гас кој се испорачува преку гасовод. Меѓутоа, тој гас може да се екстрахира само со хидраулично кршење, со постапка на вбризгување на течност за ослободување на гасот од карпите. Јавноста се спротиставува на таквата постапка, позната како фракирање, бидејќи стравува дека хемикалиите ќе ги загадуваат подземните води.

    Деловните луѓе го критикуваат новиот закон, бидејќи сметаат дека содржи премногу услови за добивање нафта и гас од шкрилци, Сојузното здружение на германската индустрија BDI смета дека новиот закон значи и дополнително заострување за фракирањето. „Условите се апсолутно претерани“, оцени пред една седмица директорот на BDI, Маркус Кершер. Сојузот на хемиската индустрија VCI, пак, смета дека е целосно неодговорно да не се искористат сопствените резерви од енергенси. Законот го критикуваат и здруженијата за заштита на природната околина и опозициската партија на Зелените, но затоа што според нив тој не оди доволно далеку во насока на целосна и постојана забрана за употреба на оваа метода. „Со овој закон сојузната влада ја отвора вратата за една целосно несигурна технологија“, коментираше во минатата среда потпретседателот на пратеничкиот клуб на Зелените, Оливер Пришнер.

    Во текот на седницата на владата, пред канцеларијата на канцеларката Меркел се одржуваа протести на еколошките здруженија против фракирањето. Во меѓувреме, две илјади општини низ Германија се изјаснија против издавањето дозволи за дупчењата со оваа контроверзна метода.

    Поборниците на оваа метода велат дека употребата на фракирањето последните години во САД и Канада придонела за поголема независност од енергенсите на светските пазари, а падот на цените на енергенсите ги привлекол и многуте индустриски гранки кои се служат со поголеми количества енергија. Меѓутоа, со актуелните ниски цени на нафтата, многу од овие проекти на северноамериканскиот континент се запрени, бидејќи станува скап.
    Истражувањето под наслов „Јавното мнение во Европската унија“, спроведено од Европската комисија кое беше објавено на самиот почеток од 2015 година, шпокажа дека повеќето од граѓаните на Германија, Австрија и Луксембург се противници на трговскиот договор со САД. Според резултатите од оваа анкета, 41 отсто од Германците се противат на склучувањето на спогодбата за Трансатлантска трговија и инвестициско партнерство меѓу (TTIP), 39 проценти ја поддржуваат оваа иницијатива, а 20 отсто немаат став по ова прашање. Но, според анкетата на ЕК, поголемиот дел од населението во Европската унија, и тоа 58 отсто, се изјасниле во полза на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД. Меѓутоа, во Германија, во Австрија и во Луксембург противниците на спогодбата ги има повеќе отколку поддржувачите.

    Германците, покажува анкетата, очигледно многу повеќе отколку другите жители на ЕУ стравуваат дека склучувањето на договорот ќе претставува загрозување на европските стандарди. И покрај тоа што канцеларката Ангела Меркел повеќепати ги изрази уверувањата дека не станува збор за никакво намалување на стандардите. Од друга страна, граѓанското движење Stop TTIP продолжува да собира потписи под петицијата против формирањето зона на слободна трговија меѓу ЕУ и САД, која ја имаат потпишано околу два милиона Европејци.

     

    Извор: “Макфакс“

    Views: 221 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024