ВИДЕО: Ново велигденско чудо, икона што плаче во Прилеп
Свети Никодин Тисмански Прилепски, икона која долго се чувала во олтарот во прилепскиот храм Свето Благовештение деновиве пред големиот христијански празник воскресението на Исус Христос, почнала да мироточи, јавува Канал 5.
Оваа божја волја ја забележале свештениците кои служат во оваа црква изградена во 1838 година. И сега од олтарот е пренесена во централниот дел на овој божји храм.
-Капките кои можат да се забележат на иконата,а за кои свештенството тврди дека од поодамна мироточи, на почетокот биле мали, деновиве тие се зголемуваат, а верници од Прилеп и од други градови во Македонија веќе се поклонуваат пред иконата и се молат за здравје и спасение, јавува телевизијата.
Пред христовото воскресение митрополит преспанско – пелагониски господин Петар,за Канал 5 потврди дека солзите на Свети Никодин Тисмански Прилепски е чудо божјо кое е пред верниците е обелоденето на свето благовештение. Но, дека ќе треба да се почека ако мироточението продолжи тогаш оваа икона ќе биде прогласена за чудотворна.
https://youtu.be/KuNRz-wg7O0
Извор: “Денешен Весник“
|