Пукано во или во близина на Владата
Силна експлозија се слушнала вечерва во близина на зградата на Владата, јавуваат очевидци по социјалните мрежи.
Тие велат дека се слушнала силна детонација, но не можеле точно да одредат каде се случила експлозијата. Во моментов пред Владата има зголемено присуство на полиција.
Од МВР засега не даваат подетални информации.
Во октомври минатата година врз зградата на Владата најверојатно било пукано од рачен фрлач на гранати РБГ-6 од тврдината Кале. Тогаш биле испукани две гранати кои не предизвикале посериозни оштетувања на зградата.
Извор: “МКД“
|