Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 16 » Без „руската закана“, на НАТО му се заканува сиромаштија
    2:34 AM
    Без „руската закана“, на НАТО му се заканува сиромаштија

    Без „руската закана“, на НАТО му се заканува сиромаштија

    Пропагандата на новата „студена војна“ ги носи своите плодови – воените расходи се зголемуваат во целиот свет. Новите „закани“ им носат големи профити на воените компании и аналитичките центри кои ги плаќаат да ја водат воената пропаганда, пишува американскиот политичар, поранешниот конгресмен Рон Пол за Си-ен-би-си.

    Според него, владата на Германија минатата недела објавила дека планира да купи 100 тенкови „леопард“. Германската влада тврди дека овие тенкови, кои можат да чинат речиси половина милијарда долари, се одговор на „премногу самоуверената“ политика на Русија во регионот. „Без оглед на тоа што Русија ниту нападнала, ниту се заканила на која било земја во регионот, а не пак на земјите членки на НАТО“, пишува Пол.

    Нуклеарниот бункер на САД од времето на Студената војна кај Шајен Маунтин во Колорадо, кој речиси 25 гоини по падот на Берлинскиот ѕид бил затворен, сега се враќа во живот. Пентагон издвоил околу милијарда долари за модернизација на објектот до нивото од Студената војна. „Изведувач на работите – е воената компанија Рајтеон која е главен спонзор на аналитичките центри, како што е Институтот за изучување на војната, кои постојано водат пропагандна војна. Сигурен сум дека ваквите големи договори ќе донесат голем профит“, пишува политичарот.

    И на НАТО му претстои скапа обнова, истакнува Пол. Алијанската од 2010 година прави ново седиште во Брисел и конечната цена на зградата која изгледа како „гнасна канџа“ изнесува над милијарда долари. „Тоа повеќе од двојно го надминува планираниот буџет. Каква бескорисна зделка! Треба ли да се чудиме на тоа што службениците и генералите на НАТО постојано се обидуваат да нѐ заплашат со приказни за нова руска закана?“, прашува Пол. Тој истакнува дека вистинските непријатели на САД и ЕУ не се Русите, туку даночните обврзници.

    „Ние сме жртвите на овој несопирлив раст на воените трошоци. Елитата се плаши дека ќе завладее мир, што лошо ќе се одрази врз нивниот профит“, пишува Рон Пол.

    Извор: “МКД“

    Views: 268 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024