Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 16 » Годишна прес-конференција на Путин: Украинците се наши браќа, секогаш ќе им помагаме (ВО ЖИВО)
    8:19 PM
    Годишна прес-конференција на Путин: Украинците се наши браќа, секогаш ќе им помагаме (ВО ЖИВО)

    Годишна прес-конференција на Путин: Украинците се наши браќа, секогаш ќе им помагаме (ВО ЖИВО)

    Претседателот на Русија денес неколку часа одговара на прашања на новинарите и гледачите. Прашањата можат да се постават преку телефон, преку интернет и преку апликации на мобилните телефони.

    Во 11 часот почна емисијата „Директна линија“, во која Владимир Путин одговара на прашања на новинарите и гледачите.

    Емисијата почна со прашања за санкции и економијата.

    „За здрава економска политика мора да имате мозок. Меѓутоа, ако сакате луѓето да ви веруваат, мора да имате срце. Мора да се стопите со народот, да почувствувате што ги мачи и како изгледаат нивните животи. Затоа народот ни верува, ние тоа го правиме“, кажал Путин, одговарајќи на прашањето н поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин.

    Путин кажал дека Русија минатата година остварила рекордно производство на нафта, имала една од најбогатите жетви, и остварила рекордни резултати во изградбата на станбени објекти.

    „Забележано е рекордно производство на нафтата – 525 милиони тони. Имавме една од најбогатите жетви досега – 105,3 милиони тони. Постои позитивен тренд и во другите индустрии, како градежништвото. Изградивме околу 82 милиони метри квадратни станбени објекти“, кажал Путин.

    Рускиот претседател изјавил дека санкциите против неговата земја нема наскоро да бидат симнати.

    „Геополитичките партнери на Русија сакаат да го попречат нашиот развој“, кажал Путин. На прашањето дали санкциите би можеле да останат на сила повеќе децении, Путин кажал: „Русија не е Иран“.

    Тој истакнал дека санкциите ќе ја примораат Русија да ја модернизира својата индустрија и земјоделскиот сектор, така што нема да има потреба да чека тие да бидат укинати.

    „Иранскиот проблем“ и неоснованите обвиненија на Западот

    Коментирајќи ја моменталната геополитичка и економска ситуација во која се наоѓа Русија, нејзиниот претседател порачал дека Русите „мора да ја искористат ситуацијата во своја корист“.

    На прашањето околу укинувањето на забраната за испорака на противвоздушните ракетни системи С-300 на Иран, која, како претседател, ја вовел Дмитриј Медведев во 2010 година, Путин одговорил дека „Иран покажува спремност за компромис, и дека нивната политика се разликува од онаа во времето на забраната“.

    „Забелешките на Западот на оваа наша одлука се малку... неосновани. Санкциите за испорака на оружје не ги вклучуваат ракетите С-300, од проста причина што тоа не е оружје за напад, туку за одбрана. А ако малку подобро ги отворите очите, ќе видите дека најголемото количество оружје во тој дел од светот го увезуваат Американците. Размислете за тоа“, кажал Путин.

    Критика на Порошенко

    На Путин му било поставено прашање за што разговарал со Петро Порошенко, и тој одговорил дека го критикувал за неколку нешта, најмногу за изолацијата на Донбас.

    „Разговаравме за заживувањето на економијата во Донбас, и тоа го пишува во договорот склучен во Минск. Меѓутоа, Украина тоа не го почитува. Луѓето во Донбас се изолирани, немаат ништо. Иако таму има луѓе кои од револт земале оружје за да се борат за своите права... тие се малцинство. А големото мнозинство, кое чесно ги заработиле своите пензии – страдаат. Зошто не им ги исплаќате пензиите заработени со работа во независна Украина господине Порошенко? Ете тоа го прашав“, кажал Путин.

    „На Украина ѝ даваме заем бидејќи тоа се наши браќа“

    На прашањето на еден гледач зошто, и покрај сѐ, Русија ѝ дава заем на Украина и ѝ продава гас по значително пониска цена од пазарната, Путин кажал дека Русите секогаш ќе им помагаат на своите браќа.

    „Тоа е братска нација. Им даваме заем, бидејќи Украинците се наши етнички браќа. Можете да изразите несогласување, но за тоа нема да зборуваме сега. Кога ѝ помагаме на Украина, им помагаме на обичните луѓе. Сакаме Украина да излезе од кризата. Знаеме дека не можат да ја плаќаат пазарната цена на гасот, затоа им даваме попуст. Сакаме да им помогнеме, и ние тоа го правиме. Погледнете колку пари им дале западните сојузници, а колку Русија. Само минатата година тие од Русија добија трипати повеќе пари отколку што Западот им даде во последните четири“, кажал Путин.

    Пред почетокот на емисијата преку телефон, смс пораки, електронска пошта и видео пораки граѓаните на Путин му упатиле околу 2,5 милиони прашања, што е далеку повеќе од минатата година.

    https://youtu.be/9zGNIsznpdg

    Извор: “МКД“

    Views: 251 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024