Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 16 » Јане Коџабашија победи на третиот конкурс за музиколошки труд распишан од СОКОМ
    9:42 PM
    Јане Коџабашија победи на третиот конкурс за музиколошки труд распишан од СОКОМ

    Јане Коџабашија победи на третиот конкурс за музиколошки труд распишан од СОКОМ

    Трудот пристигнат под шифра „Кукузел“ со наслов „Нови сознанија за потеклото на Кукузел“ од авторот д-р Јане Коџабашија, победи на третиот конкурс за музиколошки труд, што го распиша Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

     

     

     

    Комисијата во состав: Марко Коловски – музиколог, Мирјана Шулајковска-Павловска – музиколог и Александар Пејовски – композитор, по внимателното разгледување на пристигнатите музиколошки трудови едногласно заклучи дека текстот на д-р Јане Коџабашија, според структурата, употребените методолошки постапки, степенот на иновативноста во толкувањето на потеклото на големиот средновековен мелург и музички творец, целосно заслужува да биде прогласен за победник на овој конкурс.

     

    Овој текст, освен што користи мноштво податоци од различни светски медиевисти, низ една компаративна анализа наметнува нови видувања на можното потекло на Кукузел и претставува придобивка и за македонската и за светската музиколошка литература што го третира ова прашање.

     

    Комисијата, исто така, ценејќи ги дострелите во трудот “Јана Андреевска-првата македонска композиторка“, заклучи овој текст да биде откупен.

     

    Авторите Ангелина Димовска и Тина Иванова преку, или, подобро - пред анализата на делото на Андреевска „Дали сум сокол, бура или бескрајна песна“, промовираат интересни гледишта за причините на помалото присуство на жените – композиторки во светското музичко творештво. Самиот труд, освен овие два централни столба дава и мноштво други податоци за композиторката Јана Андреевска.

    Извор: “Макфакс“

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024