Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:28 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 19 » Најмалку 20.000 луѓе во Германија против TTIP
    4:25 AM
    Најмалку 20.000 луѓе во Германија против TTIP

    Најмалку 20.000 луѓе во Германија против TTIP

    Извор : (AFP)

     

     

    Илјадници луѓе, според организаторите од здружението  Attaс Deutschland повеќе од 20 илјади само во Минхен учествувале на протестите против планираното потпишување на Договорот за трансатлантско тровско и инвестициско партнерство (TTIP) меѓу Европската унија и САД, како и Канада и други земи со кој треба да се создаде најголемата зона за бесцаринско тргување, за што се плашат дека ќе ги фаворизира интересите на компаниите и ќе ги снижи стандардите кои се однесуваат на храната, трудот и заштитата на природата.

     

    Спротиставувањето на TTIP е особено силно во Германија, што делумно се објаснува со растечкото антиамериканско чувство кај Германците поради масовните шпионирања на разузнавањето на САД на милиони германски државјани, вклучително и на канцеларката Ангела Меркел, но и стравувањето од доминацијата на американските мултинационални компании, како Google, на пример, во дигиталната сфера.

    Едно неодамнешно испитување на јавното мнение покажа дека 43 отсто од Германците се убедени Договорот за трансатлантско партнерство во трговијата и инвестициите (Transatlantic Trade and Investment Partnership - TTIP) ќе биде негативен за нивната земја, додека само 26 отсто го сметаат за позитивен.

    „Според информациите, во моментов на протестот во Минхен учествуваат околу 20 илјади луѓе, во Лајпциг илјада а во Штутгарт две илјади“, изјави за агенцијата РИА, портпаролот на здружението Attaс Deutschland, Томас Еберхард-Кестер.

    Според соопштението на полицијата, коешто го пренесува агенцијата DPA, на протестите во саботата во Штутгарт учествувале околу две илјади демонстранти, во Улм речиси 1.200, а во Кил 600 луѓе. На протестот во центарот на германската престолнина Берлин, според медиумските извештаи присуствувале повеќе од четири илјади демонстранти, додека полицијата проценува дека ги имало 600. Маршеви на демонстрантите имаше и во Лајпциг и во Франкфурт.

    Демонстрантите во центарот на Берлин во знак на протест против потпишувањето на договорот направија човечки синџир кој се протегаше Потсдамер Плац од зградата на амбасадата на Канада преку американската амбасада преку Бранденбуршката порта до претставништвото на Европската унија во Германија. Учесниците во оваа верига потпишаа декларација предадена во мисијата на ЕУ во која се истакнува дека треба да се најде алтернатива за договорите TTIP и CETA.

    На протестите во саботата учествуваа претставници на партиите Левица и Зелените, на синдикати, невладини организации и граѓански иницијативи.

    Од јули 20913 година Европската унија подалеку од очите на јавноста води преговори за ткн TTIP со други земји. Договорот треба да биде изработен во текот на 2015 година, по што во текот на следната половина година треба да биде одобрен од Европскиот парламент и ратификуван од националните парламенти на 28-те земји членки.

    Извор: “Макфакс“

     

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024