Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 19 » Путин: Израелските испораки на оружје за Украина ќе бидат контрапродуктивни
    4:27 AM
    Путин: Израелските испораки на оружје за Украина ќе бидат контрапродуктивни

    Путин: Израелските испораки на оружје за Украина ќе бидат контрапродуктивни

    Израелските власти имаат право да донесат одлука за испорака на оружје за Украина како одговор на одлуката Русија да му ги испорача од пред осум години платените противвоздушни ракетни систем С-300 на Иран, смета рускиот претседател Владимир Путин, но истовремено предупреди дека таквото решение на Израел ќе биде контрапродуктивно.

     

    „Тоа е избор на израелското раководство, тие го прават тоа што сметаат дека е соодветно. Сметам дека тоа е контрапродуктивно. Доколку станува збор за смртоносно оружје. Тоа ќе доведе само до дополнителна спирала од насилства (на истокот од Украина –з.м.), кон зголемување на човечките жртви, а резултатот ќе биде ист...“, рече рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за руската телевизија коментирајќи ги заканите од Израел за можното доставување на оружје за Украина како одговор за испораката на системите С-300 на Иран.

    Путин додаде дека оружјето коешто Русија ќе му го испорача на Иран има дефанзивен карактер „и во ниеден случај не ја поткопува одбранбената моќ на Израел“.


    Претходно седмицава рускиот претседател го потпиша указот со кој ја укина забраната за испорака на проттивоздушните ракетни комплекси од типот С-300 за Иран. Продажбата на Иран на пет батерии од системите С-300ПМУ-1, кој се состои од 40 лансери, беше договорен уште во 2007 година. Три години подоцна реализацијата на договорот беше суспендирана од страна на Москва поради меѓународните санкции насочени против Техеран поради неговата контроверзна нуклеарна програма.

    Како што објасни Путин, неговата одлука била донесена поради напредокот во ткн нуклеарни преговори меѓу шесте светски сили и Иран, а истакна и дека бидејќи станува збор за одбранбена воена опрема, таа не опфатена со меѓународните санкции.


    „Кога станува збор за Иран, испораката на С-300 на Иран апсолутно не го загрозува Израел, тоа е исклучиво одбранбено оружје. Покрај тоа, ние веруваме дека во услови како што се развива ситуацијата во регионот, особено во врска со настаните во Јемен, набавките на вооружување од овој тип претставуваат фактор на одвраќање“, изјави Путин во четвртокот во текот на повеќечасовната „Директна линија“ одговарајќи на прашања на руските граѓани.

    Израел и претходните години жестоко и упорно настојуваше да го спречи реализирањето на договорот за руските системи С-300. Тамошните медиуми повеќепати пишуваа за активностите на израелските челници да ги наговорат руските колеги да се откажат од исполнувањето на договорот меѓу Москва и Техеран, тврдејќи дека тоа ќе ја наруши воената стратешка рамнотежа во регионот, бидејќи Иран ќе ја зајакне одбраната на своите нуклеарни комплекси кои се примарни цели на израелските воздушни напади со кои се закануваат еврејските лидери изминатите години.

    Поради тоа, според пишувањата на израелските медиуми, што не е потврдено официјално никогаш ниту од израелска ниту од руска страна, премиерот Бенјамин Нетанјаху во септември 2010 година престојувал во тајна посета на Мосвка.

    Извор: “Макфакс“

    Views: 247 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024