Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 8:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 20 » Новото руско оружје што ќе биде прикажано на парадата на 9 Мај (ФОТО+ВИДЕО)
    0:09 AM
    Новото руско оружје што ќе биде прикажано на парадата на 9 Мај (ФОТО+ВИДЕО)

    Новото руско оружје што ќе биде прикажано на парадата на 9 Мај (ФОТО+ВИДЕО)

    За помалку од еден месец во Москва ќе се одржи голема воена парада во чест на 70-годишнината од победата во Втората светска војна. Парадата ќе биде најголема во поновата историја, а секако најголема во постсоветската историја на Русија.

    Рускиот портал Спутник нуди преглед на ганц-новата руска воена техника, која ќе биде прикажана на Црвениот плоштад на Денот на победата.

    Возилата и оклопните средства што ќе бидат презентирани на 9 мај на Црвениот плоштад секако ќе бидат меѓу главните атракции. Јавноста и во Русија и во светот уште во февруари ја заинтригира најавата на заменикот на рускиот премиер Дмитриј Рогозин, дека на парадата ќе биде прикажана и сосема нова опрема, која сега им се доставува на вооружените сили на Русија. Иако воените претставници не откриваат многу за новите видови оружје, многу работи веќе се познати за одредени новини што ќе продефилираат во парадниот строј. Освен возилата што во последните десет години беа вброени во вооружувањето на руските вооружени сили, ќе бидат прикажани и вкупно седум возила што никогаш досега не се видени на Црвениот плоштад.

    Т-14 Армата

    Новиот борбен тенк на платформата „армата“ се чини ќе биде ѕвезда на механизираниот дел на парадата. Тенкот, кој се развива од 2009 година во фабриката „Уралвагонзавод“, може да се спореди со аналогните западни модели, а во некои параметри е и супериорен. Наводно има главна купола на далечинско управување, опремен е со нов топ со мазна цевка со калибар од 125 милиметри, има целосно автоматизиран систем за полнење, оддел за екипажот одвоен од контејнерот за муниција и композитна повеќеслојна оклопна заштита. Би требало да го помине официјалното тестирање во 2016 година, а „Уралвагонзавод“ се надева дека до 2020 година ќе ја снабди армијата со повеќе од 2.300 вакви тенкови.

    Хаубица на самостоен погон 2С35 „Коалиција-СВ“

    Ганц-новата хаубица на самостоен погон 2С35 „Коалиција-СВ“, смислена да биде наследник на типот 2С19 „Мста-С“ (модел од крајот на осумдесеттите години, кој исто така ќе се најде на парадата), исто така е заснована на следната генерација „армата“-платформа. За ова возило не се знае многу. Експертите пишуваа за првичниот план да се направи верзија на тоа оружје со двократен топ, но имаше навестувања дека подоцна се откажале од тоа. Знаеме дека хаубицата има калибар од 152 и 155 милиметри, може да гаѓа копнени цели на оддалеченост до 70 километри со користење муниција со прецизно наведување.

    https://youtu.be/It0cJrsACv8

    Оклопниот транспортер БТР „Бумеранг“

    Новиот оклопен транспортер „Бумеранг“ (ВПК-7829), кој треба да го замени БТР-82/А, е значително модернизирана варијанта на транспортерите од осумдесеттите години, има подобрен оклоп, нов мотор, уреди за ноќно гаѓање и современи комуникациски системи. Предниот мотор содржи керамичка оклопна технологија, вклучувајќи и заштита од противтенковски гранати и мини. Има тричлен екипаж и може да биде опремен со топ со калибар од 30 мм, кој може да пробие оклоп.

    Освен улогата на транспортер, ова повеќенаменско возило ќе може да служи и како носач на антитенковски проектили, противвоздушен ракетен лансер, оклопно амбулантно возило, командно возило, возило за огнена поддршка и носач на минофрлачи. Како што за воено-информативниот центар Ѕвезда објасни воениот експерт Иља Крамник, заштитното ниво на „Бумеранг“ ќе биде многу повисоко од она на неговите претходници, а тоа е обезбедено со специјална форма на дното на возилото и со внатрешен слој.

    БМП (БВП) „Кургањец-25“

    Пешадиското борбено возило „Кургањец-25“ БМП е уште еден оклопен транспортер заснован на платформата „армата“. Со неговиот развој се почнало од нула – има нова конструкција со тричлен екипаж и простор за до 7 патници, како и подобри услови во одделот за луѓе, нова активна заштита Дрозд-2, нови контрамерки против водени противтенковски ракетни системи и низа меѓусебно заменливи компоненти, како и потсистеми што овозможуваат заштитата да се приспособи на заканата.

    Возилото има нов автоматизиран систем за контрола на гаѓањето и е вооружено со топ со калибар од 30 мм коаксијален митралез со калибар 7,62 мм и нов противтенковски воден ракетен фрлач „Корнет-ЕМ“. Поширокото производство на „Кургањец-25“ е предвидено да почне во 2016 година. Како и „Бумеранг“, и „Кургањец“ ќе може да врши повеќе улоги.

    https://youtu.be/aemqxXPO9w4

     

    БТР-МД „Ракушка“

    БТР-МД „Ракушка“ е повеќенаменски оклопен транспортер, специјално дизајниран за употреба како јуришен транспортер на воздухопловните сили. Базиран е на шасијата БДМ-4, која првпат е воведена во руската армија во 2004 година. Тоа е водоземец со алуминиумска оклопна школка, со НБЦ-заштита и автоматско гаснење оган, со нови системи за електронска контрола и навигација. Може да носи 13 лица, а возилото е вооружено со автоматски митралез со калибар од 7,62 мм, покрај системот за лансирање чадни гранати од типот „туч“ со калибар од 81 мм.

    https://youtu.be/A-NXEksMDbE

    К-300П „Бастион-П“

    Мобилниот систем на крајбрежна заштита „Бастион-П“, развиен од руската компанија „Машиностроение“ со белоруската компанија „Техносојузпроект“, е способен за помалку од пет минути да распореди противбродски крстосувачки ракети „Јахонт“ со опсег од 300 километри. Оваа одбранбена платформа е во состојба да ги уништи речиси сите класи бродови, вклучувајќи и групи носачи.

    Воениот експерт Александар Мозговој за „Ѕвезда“ изјавил дека крстосувачките ракети „Јахонт“ се суперсонични и одат со брзина од 2,6 мах. Ракетите со големи маневарски способности може да се движат по сложена патека на лет до висина од 4.500 метри, а потоа да свртат надолу до висина од 10-15 метри над нивото на морето. Ракетата тешко се открива од радар. Кога првата ракета ќе стигне до целта, таа им пренесува информации на другите.

    „Урал тајфун У“

    Во 2015 година првпат ќе се појави и повеќенаменското оклопно возило отпорно на мини „Урал тајфун У“. Оклопното возило, кое може да издржи удар од муниција со калибар од 14,5 мм и до 8 килограми експлозив, било конструирано во 2010 година, а влезе во производство минатата година.

    Има тричлен екипаж и може да прими 16 патници, а може да биде опремено да се користи како командно возило, за комуникации, за инженерија, радијациско, хемиско и биолошко извидување, освен намената за транспорт на луѓе и опрема. Возилото може да биде опремено со тешки митралези од калибар 7,62 мм или 14,5 мм.

    РС-24 „јарс“

    Интерконтиненталните балистички ракети РС-24 „јарс“ со повеќекратни независно насочени боеви глави (МИРВ) првпат биле развиени во 2009 година, а првпат ќе ѝ бидат прикажани на јавноста на годинешнава парада. Ќе ги вози мобилниот транспортер „Камаз“ на 16 тркала.

    Може да носат четири до 10 независно насочени боеви глави. РС-24 „јарс“ е развиена како руски одговор на американските планови за распоредување ракетен штит во Европа.

    Историското значење на парадата

    Пред да биде претставена современата техника, парадата ќе ја отвори колона од легендарните воени тенкови Т-34 со единица тенковски разорувачи Су-100.

    Освен наведените техники, поголем дел од оружјето што ќе биде прикажано на Црвениот плоштад на 9 мај е развиено и распоредено во руските вооружени сили во текот на изминатата деценија, вклучувајќи ги пешадиското возило „ГАЗ-тигр“, повеќенаменското возило отпорно на мини „Камаз тајфун“, противавионскиот систем С-400 „Триумф“, противвоздушните ракети и артилерискиот систем „Панцир-С1“, балистичкиот ракетен систем со краток дострел 9K720 „Искандер“.

    https://youtu.be/0nz_zY0rXyg

    Извор: “МКД“

    Views: 352 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024