Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 21 » Дојран доби свој водопад
    1:49 AM
    Дојран доби свој водопад

    Дојран доби свој водопад

    Временските услови ја вратија некогашната вода во Деребашката река и по 30-тина години сушност, таа сега самата си формира природен водопад кој паѓа од неколку метри височина

     
    Необично е тоа што водата е со одредена температура, односно за разлика од повеќето планински извори кои најчесто се студени, оваа вода е млака и исклучително бистра.

    Овој своевиден феномен го привлече вниманието на жителите на Стар Дојран, каде што е и изворот на реката, кои велат дека одамна не забележале ваква појава. Посебно постарите жители се потсетуваат на времето кога реката секнала поради бушење на подземни бунари за снабдување на Стар Дојран со питка вода. 

    - Некаде во 80-тите години се бараше вода за пиење за Стар Дојран и тогашните експерти кажаа дека треба да се направат бушотини некаде под нивото на Дојранското езеро, каде што можеби ќе се најде и друго езеро. Тогаш се направија резервоари за питка вода, но Деребашката река сосема секна. Сега, после 35 години сведоци сме на своевиден феномен, водата е надојдена во голема количина и дури самата формира водопад - вели Илија Кочаров, жител на Стар Дојран.

    Жителите велат дека поради живописната природа на овој крај, падините и погледот кон Дојранското езеро, токму оваа месност со Деребашкиот водопад би требало да се уреди и да им се презентира на сите посетители како уште една од природните убавини на Дојран.
    Автор:Р.Ш.Фотографија:Р.Ш.
    Views: 247 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024