Вооружена група од Косово ја нападнала полициската станица во Гошинце
Терористички напад врз полициската станица во Гошинце, општина Липоково, се случил ноќеска во 2 часот и 30 минути, потврди Министерството за внатрешни работи.
Како што појасни портпаролот на МВР Иво Котевски, вооружена група од Косово ја нападнала станицата, каде што биле четворица полициски службеници на дежурство, ги разоружале и им се обратиле на албански јазик со преведувач со зборовите дека сакаат нивна држава и оти не сакаат никави Охридски договори.
Напаѓачите им дале половина час на полицајците да си заминат од караулата.
Во тек се активности на терен од страна на македонската полиција.
Извор: “24 часа“
|