УЧК ЈА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ
Командант Фљамури за приштинските медиуми потврдил дека нивните структури ја нападнале караулата на македонско-косовската граница
УЧК ја презеде одговорноста за нападот во Гошинце. Извесен командант Фљамури за приштинските медиуми потврдил дека нивните структури вчера рано наутро ја нападнале полициската караула на македонско-косовската граница, пренесува Српската национална телевизија. УЧК повикува на мобилизација „против репресијата и дискриминацијата на Албанците“.
„Дискриминацијата и репресијата врз Албанците во Македонија стана неподнослива. Декаденцијата, политичката неспособност, економската и културна дискриминација и социјалниот развој бараат повторно будење на УЧК. Ги повикуваме сите службеници, особено Албанците веднаш да ги облечат униформите и да се приклучат на востанието“, се вели во писмото.
Во дописот на Фљамури понатаму се вели: „Ги повикуваме на одреденото место и војниците веднаш да застанат на страната на народот, а не на фашистите и олигарсите кои ќе ги однесат во смрт. Ги повикуваме сите политички фактори веднаш да ги замрзант своите политички активности во Македонија. Првата победа на УЧК во Гошинце ни дава сила за други големи победи. Албанците очекуваат подобри времиња. Очекуваме поддршка од сите Албанци каде и да се“, го пренесуваат медиумите писмото на кое е потпишан комадант Фљамури. (П.Р.)
Извор: “Утрински Весник“
|