Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 8:06 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 25 » Одбележана 110 годишнината од смртта на Војводата Христо Узунов
    3:57 PM
    Одбележана 110 годишнината од смртта на Војводата Христо Узунов

    Одбележана 110 годишнината од смртта на Војводата Христо Узунов

    Денес на споменикот во село Цер и во присуство на голем број делегации и почитувачи на животот и делото на Христо Узунов ,беше одбележана 110 годишнината од погибијата на големиот војвода и неговите соборци на 24 април 1905 година

     

    На одбележувањето на овој настан присуствуваа делегации од родниот град Охрид , предводена од градоначалникот Никола Бакрачевски, делегација на општина Дебарца предводена од градоначалникот Игор Трајчески,делегации на училиштата што го носат неговото име од Охрид и село Другово,претставници на МЗ село Цер и многу други.Најпрво во спомен на Узунов се одржа панихида од страна на свештенството на кичевското архиерејско намесништво.

    Наставничката по историја од ОУ„ Христо Узунов“ од село Другово , Виолета Петкоска, хронолошки се наврати на настаните поврзани со погибијата на големиот војвода во 1905 година.

    Градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески пред споменикот на Узунов меѓу другото рече.

    -Изминаа точно 110 години од смртта на нашиот голем војвода.Толку години физички живееме без Узунов, но исто толку години во срцето го носиме нашиот илинденец.Узунов е показ за сите генерации како се сака и бори за татковината.Се надевам дека и наредните генерации ќе го следат патот на големиот војвода.

    Инаку Узунов и неговите соборци опколени од турскиот аскер и несакајќи живи да се предадат, одлучиле да се самоубијат во куќата на Костадиница во село Цер.Овој настан силно одекна во целиот свет, како еден мал народ на Балканот се бори за својата слобода независност.

    Автор:З.А.Фотографија:З.А.

     
     
    Извор: “Нова Македонија“
    Views: 263 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024