Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:36 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » April » 25 » Осветување на конаците Источни и Горни палат
    4:13 PM
    Осветување на конаците Источни и Горни палат

    Осветување на конаците Источни и Горни палат

    Она што е многу поважно од материјалната градба, како што во повеќе наврати нагласил игуменот Партениј, е духовната градба, односно ширењето на евангелската проповед меѓу народот, придобивањето многу души за Христа, помагањето на многу млади луѓе да се ослободат од страшните пороци на зависностите

     

    Возобновено најголемото духовно светилиште во земјата „Свети Јован Бигорски“

    Бигорското светилиште на свети Јован Крстител, кое се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар, го доживува својот најголем процут од своето речиси илјадагодишно постоење. Тоа се потврдува со осветувањето на новоизградениот конак Источен палат и возобновениот конак Горни палат, кое ќе се случи в недела, на 26 април годинава. 
    - Изминатите пет и пол години, колку што поминаа од големиот пожар што го зафати конакот Горни палат на 30 септември 2009 година, исто како и претходните петнаесетина години од почетокот на обновата на монашкиот живот во далечната 1995 година, за Бигорското братство беа години на непрестајна молитва, труд и пожртвуваност, пред сѐ, за продолжување и за распространување на евангелско-просветната мисија на манастирот, а потоа и за материјалното обновување и доградување на Бигорското светилиште - велат од манастирот. 

    Се вратил 
    автентичниот изглед 


    На корисна површина од 4.000 квадратни метри, колку што зафаќа Горни палат, целосно се вратија неговиот препознатлив изглед и автентичноста, со сите уметнички изработени дрвенарии и таваници. Беа разубавени некои репрезентативни одаи, како на пример великиот и малиот синодикон, а конакот беше збогатен и со забна ординација, работна канцеларија итн. Остануваат да се доработат уште некои детали од ентериерот на одредени простории, како што е на пример живописот во Големата трпезарија, истакнуваат од манастирот. Оттаму велат и дека целосно треба да се обнови калдрмата во дворот, која била оштетена од градежната механизација во текот на обновата. 
    - И покрај големите искушенија, главно поради немањето доволно парични средства, сепак во најголема мера е возобновен, повторно со божји благослов и со помошта од верниот народ и од Владата - објаснуваат од манастирот. 
    Во близината на манастирскиот овоштарник никна прекрасниот храм во руски стил, посветен на преподобниот Серафим Саровски Чудотворец. Во селото Ростуше одново беше изграден восхитувачкиот византиски храм на Пресвета Богородица, која останува уште да биде живописана, а во селото Битуше, спроти манастирот, почна изградбата на Бигорскиот скит, посветен на светите рамноапостолни учители и просветители Кирил и Методиј, кој во себе вклучува конак и голем храм во македонско-ромејски стил. 

    Духовна градба 

    Она што е многу поважно од материјалната градба, како што во повеќе наврати нагласил игуменот на манастирот, отецот Партениј, е духовната градба, односно ширењето на евангелската проповед меѓу народот, придобивањето многу души за Христа, помагањето на многу млади луѓе да се ослободат од страшните пороци на зависностите, градењето добри и мирни односи со сите, особено со припадниците на други религии, остварувањето и одржувањето контакти со истакнати црковни и световни великодостојници од други земји, контакти што во голема мера помогаат за надминување на изолацијата на МПЦ-ОА од страна на другите помесни православни цркви. 
    - Градењето во Бигорски почна уште во 1995 година, кога беше основано нашето братство и возобновен монашкиот живот. Со божја помош, Бигорски стана наше големо духовно светилиште, длабоко почитувано и надвор од Македонија и од страна на другите православни земји. Сета материјална градба во Бигорскиот манастир е плод на духовната преродба што се случува во манастирот - објаснува отецот Партениј.


    Кандидат за владика, но си останува игумен на Бигорски

    Отецот Партениј беше еден од игумените што беа на листата за избор на нови владици во Синодот на МПЦ, но не ја прифатил таа титула. Во интервју за „Нова Македонија“ пред две години изјави дека вистинските побуди за одбивање на владичкиот чин биле љубовта кон духовниот живот во Бигорскиот манастир, кој не треба да запре, како и љубовта кон овој маченички крај на западна Македонија.


     
       
    Автор: Радмила Заревска / radmila.z@novamakedonija.com.mk  
     


     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 234 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024