Меѓународен планинарски марш до Пехчевските водопади
Во организација на планинарско-спортското друштво „Кадиица“ од Пехчево денеска беше реализиран меѓународен планинарски марш до Пехчевските водопади
Во планинарска тура, покрај планинарите од Пехчево учествуваа и планинарските друштва „Маратон“ од Струмица, „Југ“ од Валандово и „Голачка срна“ од Делчево.
Со учеството на Туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил годинашново издание на планинарскиот марш до Пехчевските водопади доби меѓународен карактер.
Патеката во должина од 12 километри успешно ја совладаа сите педесетмина учесници.
Маршутата стартуваше со посета на Спиковскиот водопад, продолжи со посета на Црнодолскиот водопад и заврши со посета на трите пехчевски водопади на реката Брегалница
- Оваа планинарска тура е во функција на туристичката понуда на Пехчево и поширока афирмација на Пехчевските водопади како недопрена природна атракција - рече претседателот на ПСД „Кадиица“, Марјан Митриновски.
Извор: “Нова Македонија“
|