Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 3 » ДОЛНОЈЕЛОВСКОТО ЈАЗМИЧЕ - ЛЕКОВИТО!
    4:59 AM
    ДОЛНОЈЕЛОВСКОТО ЈАЗМИЧЕ - ЛЕКОВИТО!

    ДОЛНОЈЕЛОВСКОТО ЈАЗМИЧЕ - ЛЕКОВИТО!

    Како што говорат повозрасните долнојеловци, водата на кладенецот најголема сила и влијание врз здравјето на организмот има наутро пред изгрејсонце, како што тоа го прават самовилите

    Киро Кипроски



    На денот посветен на лековитите води, првиот четврток по големиот христијански празник Велигден, со векови голем број лица доаѓаат на кладенчето во гостиварското село Долно Јеловце, наречено Јазмиче, да го измијат лицето, да се напијат вода, да се надишат чист планински воздухот, да се помолат за здравје. Така, беше и годинава.

    „Водата е лековита и лечи повеќе болести, пред се стерилитет кај жените. Со пиење вода од кладенчето, по извесно време жената ќе забремени и ќе добие пород, постојано доаѓаат на кладенчето за здравје, за ова чудо ги запознаваат блиските роднини и пријатели“, ни вели Перо Лазески, по потекло од Долно Јеловце, а живее во Гостивар.

    „Водени од сонот на една гостиварка, која не е од с. Долно Јеловце, никогаш не стапнала во селото, по нејзино кажување и опишување на местото, заедно со мајка ми ја пронајдовме локацијата на чешмичето, беше затрупано со земја и трње. Ова се случи есента во 2001 година. Веднаш се ангажирав да го оспособам кладенецот. Работите ги завршив пролета 2002 година и на Источен петок Балаклија го осветивме, а со тоа ја обновивме вековната традиција. На овој ден доаѓаат гостиварци, жители на горнополошките села, како и жители на Тетово, Скопје, Кичево, Охрид, Струга и од други места на републиката и надвор од неа, за здравје. Секоја година доброволно се пријавуваат по десетина, петнаесетина, дваесетина лица кои се кумови и за здравје на сите приредуваат трпеза на љубовта“, раскажува Лазески. 

    Во изминативе години лековитоста на водата ја почувствувале многу лица кои боледувале од повеќе болести. Жената која го мотивирала дарителот да го обнови кладенецот, ги излекува лишаите на лицето. Дарителите Перо и Анѓелина Лазески, 15 години немаа род. Од лековитата вода пред неколку години Анѓелина забремени и на свет донесе машко дете, кое и годинава беше на прославата. Работник кој учествуваше на изградбата на кладенецот ги излекува брадавиците на рацете. Секој ден рацете по неколку пати ги миеше со водата од Јазмичето. Летото во 2002 година, кога започна да се гради манастирската црква „Св. Илија“, во близина на кладенчето, момче што учествуваше во изградбата имаше говорна мана. Секој ден пиеше вода од кладенецот и по дваесетина дена говорот му беше течен и без застој. Момчето не можеше да се изначуди на силата и лековитоста на водата.

    Како што ни говореа повозрасните долнојеловци, водата на кладенецот најголема сила и влијание врз здравјето на организмот има наутро пред изгрејсонце, како што тоа го прават самовилите. Многу брачни парови, кои немале род, и лица со други болести доаѓаат на кладенецот да го измијат лицето, да се напијат вода, полнат шишиња со вода, да продолжат и дома да ја пијат водата.

    Пред две години, на Источен петок Балаклица, во манастриската црква „Св. Илија“, како што рече прота ставрофор Боге Богоески, крстил три дечиња кои на свет дошле благодарение на лековитоста на водата од долнојеловското кладенче. 

    На годинешното празнување на Источен петок Балаклија беше осветен и мал параклис - црквиче поставено над чешмата, со што просторот на кладенецот се облагороди, со што доби посебна убавина и целиот манастирски комплекс, што го сочинуваат манастирската црква „Св. Илија“, манастирските конаци, неколкуте видиковци, дрвените мостови и кладенецот.

    За изградбата на минијатурната црквичка, најзаслужен беше идејниот творец и реализатор мајсторот Тодор Андоновски. 

    „Заедно со архитектот Димитар Ристоски го изработивме проектот, а во изведбата покрај мене учествуваа, Мики Стефановски, Јорде и Горан Ѓиноски, а лимарските работи ги изработи мајстор Гоце. За осум дена ја изработивме минијатурната црква со димензии: 245 сантиметри е со ширина и со височина од 115 см, со две куполи, која тежи околу 400 килограми. Најтешко ни беше да ја донесеме црквичката до кладенецот бидејќи патот е стрмен и тесен. Десетмина лица со голема љубов двесте метри ја носевме в раце и успешно ја монтиравме“, ни зборуваше Тодор Андоновски.

    Иконата во резба посветена на Пресвета Богородица - Балаклија

    ја изработи Влатко Билески од Кичево и за здравје со неговиот пријател Драган Блажески ја подарија на црквичето. Исто така, Влатко со татко си Ратко, изработија два метални крста и се поставени на двете куполи на црквичката.

    „Сето ова го правам со голема љубов и од се' срце за здравје и спасение на родот наш македонски за опстојување на просторите каде што живееме со генерации. Македонците од Гостивар и гостиварско имаат питом и благ однос како луѓе. Сите ние заедно, без разлика каде живееме во Македонија и во дијаспората, сплотени треба да помагаме колку што можеме во изградбата на нашите македонски православни храмови“, ни вели Влатко Билевски.

    Од повозрасните долнојеловци дознавме дека со векови лековитата вода излекувала многу лица, кои постојано навраќаат и како благодарност за помошта во излекувањето и за здравје оставаат подароци. Тука, доаѓаат лица од сите етнички заедници кои живеат во нашава држава и од сите вери на кои лековитата вода им помага.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 291 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024