Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-18, 5:04 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 3 » Братислава ги пречека „ноќните волци“ со цвеќиња и руски песни (ФОТО+ВИДЕО)
    5:16 AM
    Братислава ги пречека „ноќните волци“ со цвеќиња и руски песни (ФОТО+ВИДЕО)

    Братислава ги пречека „ноќните волци“ со цвеќиња и руски песни (ФОТО+ВИДЕО)

    Првпат откако ги минаa границите на поранешниот Советски Сојуз на патот на победата на Црвената армија на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна од Москва до Берлин, руските мотоциклисти од клубот „Ноќни волци“ во Братислава наишле на срдечно добредојде од неколку стотици Словаци пред „Славина“, споменик на советските војници.

    Првата група „ноќни волци“, заобиколувајќи ја забраната од полските и литванските власти да поминат на нивна територија за време на возењето на „Патеката на победата“ од 6.000 километри од Москва до Берлин, пристигнале во Братислава во петокот, а денес во градот им се приклучила друга група од Чешка. 

    Околу 30 руски „бајкери“, заедно со уште неколку десетици од Словачка и од Чешка, биле пречекани со аплауз од 300 Словаци. Жени во традиционални носии им нуделе леб, сол и колбаси, деца во советски униформи им делеле цвеќиња, се скандирало „Русија!“ и „Слава на Русија!“ и се пееле и руски песни.

    Словаците што ги дочекале „ноќните волци“, кои во текот на возењето ги посетуваат спомениците и гробовите на советските војници убиени додека ја ослободувале Источна Европа, донеле и голем венец со натпис „Благодарам за ослободителите“.

    Некои во толпата носеле маици со ликот на рускиот претседател Владимир Путин, се вееле и знамиња на самопрогласената проруска „Новорусија“ и Словаците се фотографирале со „ноќните волци“.

    https://youtu.be/-RaS-AXwCKo

    Мотоциклистите со знамињата на Русија и на стариот Советски Сојуз, со срп и чекан, положиле венци на споменикот на паднатите советски војници на Славина.

    Срдечната атмосфера во Братислава ја нарушил само еден Словак, кој донел знаме на Украина во знак на протест поради анексијата на Крим и поддршката на Русија за проруските сепаратисти, но бил однесен од полицијата затоа што толпата почнала да вика „убиец“ и „фашист“ по него.

    Група словачки противници на поминувањето на мотоциклистите од најстариот рускиот клуб што ги уживаат симпатиите и поддршката на Кремљ протестирале денеска пред руската амбасада во Братислава.

    „Ноќните волци“ продолжуваат по својот пат низ Австрија и Чешка до Берлин.

    Руските мотоциклисти во Прага очекуваат засилување од Србија, Македонија и Бугарија, а планираат заедно да продолжат до Берлин, каде што сакаат на Денот на победата, 9 мај, триумфално да се провозат низ градот, иако германските власти најавија дека нема да го дозволат тоа.

    https://youtu.be/OrwKdGtEIUw

    Извор: “МКД“

    Views: 297 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024