Илјадници полицајци испратени во Одеса на годишнината од масакрот врз проруските активисти (ВИДЕО)
Украина испратила над 3.000 полицајци во Одеса на одбележувањето на годишнината од масовното убиство во овој пристаништен град лани на 2 мај.
На денешен ден лани беа убиени речиси 500 луѓе, а повредени над 200 кога проукраински активисти ги блокираа проруските демонстранти во Домот на синдикатите и ја запалија зградата.
Официјална Москва денеска ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз украинските власти, кои, според изјавата на рускиот министер за надворешни работи, „не преземаат никакви конкретни чекори кон независна и непристрасна истрага на масакрот минатата година во Одеса“.
„Како резултат на варварски чин на заплашување, повеќе десетици луѓе, чија единствена вина е тоа што го изразиле своето мислење против државниот удар во февруари 2014 година и против јакнењето на радикалните ултранационалисти, ги загубија своите животи во оваа трагедија“, истакна руското Министерството за надворешни работи.
Официјална Москва ја повика меѓународната заедница „решително и искрено“ да побара од Киев да спроведе фер-истрага за масакрот во Одеса и да ги поправи „забележливите недостатоци“ во украинското судство.
https://youtu.be/zu_F8j-VkR0
Активистите што не сакаа да ја признаат новата влада во Киев на 2 мај 2014 година се судрија со проукраинските фудбалски хулигани и радикали, меѓу кои беа и членови на радикалната група Десен сектор, потсетува руската агенција Спутник.
Радикалите успеаја да ги заробат проруските активисти во Домот на синдикатите, а таму фрлија молотови коктели и ја запалија зградата.
Некои од жртвите изгореа во пожарот, додека други се задушија од чадот или загинаа скокајќи од високите катови на зградата за да избегаат од огнените пламени. Во несреќата тогаш сериозно беа повредени уште 40 лица, меѓу кои десет полицајци.
Местото Куликово поле во Одеса, плоштадот каде што лани се случија најкрвавите сцени во судирите, во петокот било обиколено од полицајци. Луѓето што сакале да положат цвеќе во спомен на жртвите морале да поминат низ метал-детектори.
Извор: “МКД“
|