Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 6:19 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 3 » НАТО и Русија наскоро повторно на линија: враќање на „црвениот телефон“
    11:52 PM
    НАТО и Русија наскоро повторно на линија: враќање на „црвениот телефон“

    НАТО и Русија наскоро повторно на линија: враќање на „црвениот телефон“

    НАТО повторно ја воведува тајната директна телефонска линија со рускиот воен врв, пишува германскиот весник Франкфуртер алемајне цајтунг, повикувајќи се на извор во Алијансата.

    Германскиот весник тврди дека директен контакт со Москва ќе имаат командантот на заедничките сили на НАТО во Европа и претседателот на Воениот комитет на Алијансата и се верува дека „црвениот телефон“ ќе биде постојано отворен, иако не се наведува кој ќе биде на линија од другата страна - во Москва, пренесе агенцијата Спутник.

    Иницијативата за воспоставување контакт ја покренал германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер поради зголемувањето на напнатоста во светот, предизвикано од украинскиот конфликт.

    Тој предложил да се воспостави директна врска меѓу двете команди, за да се спречи директен судир во случај на уште поголема криза.

    Штајнмаер се смета за поддржувач на умерениот став кон Русија и познати се неговите претходни изјави дека не е во интерес на Европа на долг рок да се изолира Русија, како и неговиот говор против зајакнувањето на санкциите кон Москва во кој истакна дека прво треба да се провери како се исполнува договорот од Минск.

    Ова е прв обид на директно поврзување на двата воени врва од прекинот на Студената војна, а е предизвикан од драматичната ескалација на односите меѓу НАТО и Русија.

    Ваквата директна линија, но помеѓу тогашните раководства на Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави, беше наречена „црвен телефон“ и беше воспоставена и за време на Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога светот навистина беше на работ на нуклеарна војна.

    Извор: “МКД“

    Views: 253 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024