Претседателот на Германија им се заблагодари на советските војници
Претседателот на Германија Јоахим Гаук им оддаде почит на повеќе од милион воени заробеници на комеморацијата во вестфалскиот замок Холте-Штукенброк.
„Милиони војници на Црвената армија ги изгубиле животите во германско заробеништво – умирале од болести, глад, ги убивале“, ги цитира агенцијата „ДПА“ зборовите на Гаук.
Гаук им се заблагодари на западните сојузници и на поранешниот СССР кои пред 70 години ја ослободиле Германија од нацистичката диктатура.
„Ние, потомците кои се родени во Германија, ги имаме сите причини да им бидеме благодарни за таа пожртвувана борба на поранешните противници (на нацизмот) на исток и на запад. Благодарение на тоа денес можеме да живееме в Германија слободно и достоинствено“, истакна претседателот.
Извор: “Руска реч на македонски“
|