Свечената литија (поворка), почна веднаш по одржувањето на вечерната богослужба во црквата „Свети Георгиј“ во центарот на Струга, во 16 часот со која ќе раководеше владиката Тимотеј, заедно со владиката Агатангел од повардарската епархија.За време на целата поворка се носеа моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона. Со цвеќиња во рацете верниците гласно ги поздравуваа великодостојниците и монасите, кои им возвраќаа со поздравот „Христос воскресе“.
Светите мошти на Свети Георги Победоносец верниците ги пречекуваа на главната крстосница кај струшката чаршија, и на кружниот ток крај параклисот на „Пресвета Богородица“, крај реката Дрим, и крај храмот на „Светиот Николај Мирликиски“, и во чаршијата.
Според свештениците, верниците не се принудени да тргнат единствено од храмот на Светиот Великомаченик. Велат дека поворката може да се зголемува со секој чекор, со што ќе расте и радоста меѓу сите. Литијата е традиција, која постои во Струга уште од времето на преродбата, која е на местото од стариот храм од 16 век, кој бил урнат во времето на Османлиите.
Иконата на свети Георгиј, пак, е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови. На иконата светецот е претставен во природна големина. Во десната рака, подигната во висина на главата, држи копје. Иконата му припаѓала на иконостасот на старата истоимена струшка црква, која била урната и на нејзино место во 19 век бил изграден денешниот централен црковен храм „Свети Георгиј“.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=48390