Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 8 » Оган лесно се пали ама тешко се гаси
    2:07 AM
    Оган лесно се пали ама тешко се гаси

    Оган лесно се пали ама тешко се гаси

    - Упатените стравуваат дека токму средношколците, студентите, невработените и други на разни начини незадоволни граѓани што досега на легитимен начин го изразуваат својот протест може да се најдат на „борбената линија“ во меѓупартиските пресметки, како во македонскиот, така и во албанскиот политички блок - Македонија, која на мирен начин излезе од крвавиот распад на поранешната СФРЈ, преживеа разни ембарга, санкции и грчките блокади, се исправи по меѓуетничкиот судир во 2001-та, не заслужува сега да влезе во внатреетничка војна што нема никаква врска ниту со интересите на народот ниту со интересите на државата

    ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА ДОЈДЕ ДО ГРАЃАНСКА ВОЈНА

    Дали политичката криза, која трае веќе неколку месеци, излегува од едно ниво и се заканува да премине во наредно, радикализирано, со потенцијал и индикации и симптоми на граѓанска војна, односно интраетнички граѓански судири, е дилемата што се наметнува по последните протести пред Владата и судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Билансот од десетици повредени полицајци и приведени демонстранти, неколку оштетени автомобили, запалени контејнери, искршени стакла и извалкана фасада на владината зграда е минимална штета во споредба со она што може да се очекува ако се реализираат споменатите активности на масовни демонстрации што, според непишани правила, содржат елементи на насилство и лесно може да излезат од контрола. Во таа насока секако загрижувачки се и најавите на власта и на опозицијата за мобилизација на своето членство на спротивставените позиции, секој на свој начин го поттикнува граѓанското незадоволство и го позиционира директно на линијата на судирот, согласни се аналитичарите. Тие стравуваат дека токму средношколците, студентите, невработените и на разни начини оштетените и револтирани граѓани што досега на легитимен начин го изразуваат својот протест ќе се најдат на „борбената линија“ во меѓупартиските пресметки, како во македонскиот, така и во албанскиот политички блок. На моменти дури и здодевните политички бомби на лидерот на опозицијата Зоран Заев и прецизно, за да не предизвикаат човечки жртви, истреланите вистински проектили пред полициските станици, судот, зградата на Владата и седиштето на ДУИ во Мала Речица, според, лесно можат да станат убиствени и да нанесат многу поголеми штети отколку што тоа го сакаат или планираат тие што ги лансираат. Ако на тоа му се додадат најавените нови протести и контрапротести, ситуацијата, според општиот впечаток, е во ескалација и пред ерупција.

    - Генерално, Македонија навлегува во сѐ подлабока политичка криза и ургентно треба да се воспостави политички дијалог и да се договори заедничка платформа за натамошно дејствување заради нејзино надминување. И тоа треба да се одвои од манифестирањето на граѓанското незадоволство, кое е сосема легитимно право на поединци, невладини организации, па дури и на политички партии што со мирни и достоинствени протести сакаат да ги изразат своите ставови и барања, при што крајно е неприфатливо кој било да организира некакви контрапротести во исто време и на исто место. Тоа е вовед во граѓанска војна и е крајно опасна авантура - смета поранешниот министер за внатрешни работи и лидер и пратеник на ДС, која е дел од владината коалиција, Павле Трајанов.

    И политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека во периодов што следува сѐ поголем број, како што рече, засегнати групи ќе го изразуваат револтот на ваков начин. Затоа, како што кажа тој во изјавата за РСЕ, за да не дојде до посериозни безбедносни проблеми, потребно е да се постигне политичко решение.
    - За жал, искуствата кај нас не укажуваат дека нашите политичари секогаш се свесни за потребата на моментот, јас сигурно се надевам дека ќе се случи тоа, но, според реакциите, според најавите и според активностите што се преземени вчера и денеска, ни се укажува на тоа дека сигурно во наредните денови нема да имаме некои поинтензивни преговори за да се најде решение, а верувам дека интензитетот ќе се зголемува и се надевам дека што поскоро ќе најдат начин да се договорат - изјави Муслиу.
    Имено, по континуираните мирни протести на студентите и на средношколците, и завчерашниот на моменти насилен протест пред Владата, кој се случи по објавувањето на „бомбата“ за убиството на Мартин Нешковски, како и најавата за големиот протест на опозицијата на 17-ти овој месец, следуваа најави за секојдневни протести и во Скопје и во градовите низ земјава.

    Иако за тоа засега нема ниту потврда ниту демант, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според информациите од теренот, партиски структури го мобилизираат членството низ градовите во земјава за контрапротест што СДСМ го најави за 17 мај. Целта била на контрапротестот да се соберат помеѓу 80.000 и 100.000 луѓе, што, според упатените, е реално за очекување, со оглед на контролата што власта ја има врз државната администрација. Заев, пак, за деновите што следуваат најави активирање „бомби“ со мошне чувствителна содржина, за околностите на загинувањето на новинарот Никола Младенов, убиствата кај Смиљковско Езеро, преговорите со Грција за името... Тоа се теми, во кои, според најавите од опозицијата, имало доста шокантни содржини, кои можат да предизвикаат големи манифестации на револт низ улиците.
    Од друга страна, врие и во албанските редови. По „пучот“ што струшкиот градоначалник Зијади Села го направи во ДПА на Мендух Тачи и лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, постојано е под притисок на незадоволниците и во партијата и, генерално, меѓу албанскиот електорат, кој, барем формално, го претставува. Неодамна беше фрлена и експлозивна направа пред седиштето на паријата во Мала Речица.

    Колку, прашуваат тие што внимателно го следеа последниот протест, е потребно некој полицаец, дури и ненамерно, да помести дел од оградата и масата да тргне кон полицијата, која, по службена должност, секогаш е подготвена за одговор? Или меѓу мирните демонстранти да се уфрли насилна група што ќе испровоцира реакција на полицијата, како што впрочем се случи и прексиноќа, кога точно можеше да се забележи дека еден дел од „демонстрантите“ е пораздвижен? Дали „фитиљот“ може да го запали и појавување и непромислена изјава на некој политичар? Дали полицијата треба да продолжи со невообичаена практика да упаѓа во објекти со изговор дека брка демонстранти како што се случи прексиноќа во читалницата „Браќа Миладинови“? Сето тоа се прашања и претпоставки за кои, веројатно, никој не сака да влече одговор од практични примери. А дека земјава, за жал, не е далеку од за многумина несаканиот развој на настаните, меѓу другото, потврдува и тоа што, по подолго време, претставниците на ОБСЕ беа присутни и со големо внимание ја следеа вчерашната прес-конференција на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
    Опасност од ескалација на граѓанското незадоволство пред само неколку недели беше најавена и на трибина на која учествуваат повеќе експерти за безбедност од земјава и регионот, кои како најголем ризик за безбедноста на Македонија ја посочија токму внатрешната поделеност во општеството.
    - Доколку сакаме сериозна држава и стабилизирање на безбедносната состојба, треба да се изгради механизам, систем во кој еднаш засекогаш ќе се попречи припадници на разузнавачките служби да диктираат политички настани и случувања во земјата. Тие треба да бидат во функција на националните и државни интереси што јасно се одредени во концепциите - изјави тогаш Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност во Скопје.

    Според тогаш објавеното истражување на Факултетот за безбедност, главните закани за стабилноста на државата се невработеноста и обидот за уривањето на актуелната власт од страна на опозицијата.
    Токму во ова истражување лежи и суштината на проблемот, а тоа е испреплетеноста на незадоволството од одредени владини мерки и политики на одредени општествени интересни групи и желбата на политичката опозиција без избори и без да понуди некаква програмска алтернатива да ја смени власта. Затоа, како што истакнуваат упатените, мора да се раздвојат овие две работи. Легитимното право на граѓаните е да го изразат своето незадоволство, но тоа да не се користи по автоматизам во пресметка помеѓу власта и опозицијата. Македонија, која на мирен начин излезе од крвавиот распад на поранешната СФРЈ, преживеа разни ембарга, санкции и грчките блокади, се исправи по меѓуетничкиот судир во 2001-та, не заслужува сега да влезе во внатреетничка војна што нема никаква врска ниту со интересите на народот и на граѓаните, ниту со интересите на државата. Доколку некој сака промени, треба да се бори да дојде до нив само преку демократски механизми и институционално. Улицата исто така може да биде облик на демократија, и тоа е неоспорно, но само доколку собирите се со јасни пораки, без скриени агенди, мирни и ненасилни. Сѐ друго е вовед во хаос и анархија. Кому, пак, во моментов најмногу му одговора тоа, треба да се замислиме сите.

    Реакции
    - ЕУ жали за повредените и бара слободни и мирни протести
    - Јоханес Хан: Ситуацијата во Македонија е многу 
        сериозна и создава многу главоболки
    - ОБСЕ: Секој има право да протестира, а властите и 
        политичките актери, како и граѓаните, треба да покажат зрелост

    - Груевски: МВР не го прикривало убиството на 
        Нешковски, сторителот е најден и осуден
    - Јанкулоска: Повредени се 38 полицајци, приведени 
        се 30 демонстранти
    - СДСМ: Ги осудуваме нарачаната бруталност и пречекорувањето на овластувањата на полициските структури
    - ВМРО-ДПМНЕ: Заев спроведува сценарио за 
        дестабилизација на државата
    - ДС: Итна лидерска средба и вонредна собраниска 
        седница за излез од политичката криза
    - ДОМ излегува од владината коалиција

    - Македонскиот полициски синдикат ги осуди 
        случувањата пред Владата
    - МАН: Никој не смее да ги попречува медиумите 
        во извршувањето на нивната работа
    - Средношколски пленум: Одиме погласно од кога било!

    - Професорскиот пленум: По чија наредба специјалната полиција влезе во библиотеката „Браќа Миладиновци“?
    - Директорот на библиотеката демантира дека полиција влегла за насилство


    Црвенковски го запали фитиљот 

    Пораката на поранешниот премиер, претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој по долга хибернација и отсуство од јавноста се јави прво со писмо, а потоа и преку телевизиска дебата во дел од јавноста, се толкува како иницијална каписла за експлозија на незадоволството. Токму Црвенковски беше тој што повика на континуирани и што помасовни протести и организирање широко народно движење за уривање на власта. Иако Црвенковски нагласи дека треба да се протестира мирно, сепак неговиот повик за вклучување на граѓанството за симнување на власта за многумина е проблематичен, како и моментот што го одбрал за неговото појавување. Според дел од аналитичарите, Црвенковски единствено што сака е да го јавне бранот незадоволство и да ја залечи својата повредена суета од демонстрираната храброст на Заев.

    - Посакувам, искрено, раководството на СДСМ, бидејќи сега има огромни задачи, да ја искористи можноста за обединување на СДСМ, да организира широко народно движење, да се надмине себеси дека, ако биде срушен режимот на Груевски, СДСМ ќе дојде на власт. Треба да се подготвуваме сите, а тие се најповикани да влезат со осмислена стратегија - порача меѓу другото Црвенковски. 
    Но кои се всушност пораките на поранешниот лидер СДСМ што може да се прочитаат меѓу редови? Дали Црвенковски отворено посака организирање прецизно сценарио за судир на демонстрантите и институциите (по примерот од 5 октомври во Србија, кое во неколку наврати го спомена), за што упати отворен јавен повик за вонинституционален преврат. Црвенковски, притаено, всушност посака дерогирање на лидершипот во СДСМ и себенаметнување како опција, а ги оквалификува како неефикасни и повеќето демократски форми на изразување политичка несогласност (како социјалните мрежи, соопштенија, пресови итн.). Тој упати критика и кон меѓународната заедница поради незаинтересираност за вклучување. По телевизиското обраќање на Црвенковски, со колумна се огласи еден од влијателните стратези на СДСМ и нивен поранешен претседателски кандидат, Љубомир Фрчкоски, кој на свој начин го коментира и дополнува Црвенковски. 

    - Прво, ако е точно дека суштествена промена нема без етапа на борба наречена „народ на улици“, прашањето е како и за што ќе се употреби тој народ на улици. 
    Ако се има намера народот на улици (тогаш беа некаде 70.000 граѓани) да прошета (како што направи пред неколку години, за време на почетокот на „Отпорот“), да се чести сендвич и да се побара мирно да се врати дома - тогаш имаме проблем со „Баневиот концепат“ - пишува Фрчкоски.
    Ако Бане мисли, но не кажува, дека овде би се развило некакво српско сценарио како за падот на Милошевиќ (кој го спомена имплицитно неколкупати), тогаш она што недостига во „Баневиот концепат“ е судирот со институциите на репресијата и поредокот што доведе во Србија до одредено насилство (кое од режимот ќе се оцени секогаш како обид за насилно уривање на поредокот, а од демонстрантите како освојување на слободата и демократијата). 
    Во такво сценарио нема мирни прошетки на ненасилниот народ, туку судир со режимските сили, што има сосема други последици на теренот, заклучува Фрчкоски.


     
       
    Автор: Диана М. Младеновска / diana.m@novamakedonija.com.mk   Фотографија: Дарко Андоновски
     
    Извор: “Нова Македонија“
    Views: 311 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024