Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 8 » Распукува фрескописот во „Св. Илија“ во Мариово
    2:09 AM
    Распукува фрескописот во „Св. Илија“ во Мариово

    Распукува фрескописот во „Св. Илија“ во Мариово

    Сите внатрешни ѕидни површини во црквата се зографисани од раката на зографот Аврам Дичов. Во црквата се наоѓаат и поголем број икони од 19 век, работени од истиот зограф-иконописец што работел во црквите во мариовските села. Манастирот е напуштен, а фреските на западниот дел од сводот се отпаднати. Слична е состојбата и со фреските во олтарниот простор и на северната страна на тамбурот од куполата

    ПОТРЕБНА ИТНА САНАЦИЈА 

    На манастирот „Свети Илија“ во Мариово му е потребна итна санација бидејќи живописот во внатрешноста е комплетно уништен. Сместен е на педесетина километри од Прилеп, во непосредна близина на селото Витолиште, покрај реката Бутурица. Манастирот почнал да се гради во 1870 година. Го градел Стале Чешелков од с. Полчиште, со помош на месното население. Бил завршен во 1872 година. Откако завршила изградбата на манастирската црква, биле повикани мијачки зографи од селото Тресонче на чело со Аврам Дичов, син на познатиот легендарен Дичо Зограф.

    Богатство од 
    икони од 19 век 


    Манастирската црква посветена на св. Илија е живописана во 1881 година, речиси по една деценија од нејзината изградба. Над северната врата од внатрешната страна на црквата се наоѓа уште еден натпис. Сите внатрешни ѕидни површини во црквата се зографисани од раката на зографот Аврам Дичов. Во црквата се наоѓаат и поголем број икони од 19 век, работени од истиот зограф-иконописец што работел во црквите во мариовските села.  Манастирот е напуштен, а фреските на западниот дел од сводот се отпаднати. Слична е состојбата и со фреските во олтарниот простор и на северната страна на тамбурот од куполата.
    - Убавината не треба да пропадне. А гледајте што сега се случува. Водата годинава сета отиде под манастирот и го направи своето. Има поместување на гредите внатре, фреските изработени од врвен мајстор се делат. Распукани се на неколку места. Апелираме да се јават донатори за да се соберат средства да се санираат оштетувањата во црквата и за да ја заштитиме - вели Наде Ристеска од одборот на манастирот. 

    Претходно нашинец што живее во Австралија донирал значителна сума за поправка на манастирот и за изработка на фреската „Тајната вечера“ во трпезаријата. 
    - Неговиот пример треба и други да го следат - велат и другите членови на одборот, очекувајќи дека ќе се најде решение за заштита на распуканиот живопис на црквата.
    Ристеска раскажува дека за манастирот се грижи пет години. Го одржува и пречекува гости, кои особено ги има за трите манастирски слави: Цветници, Ѓурѓовден и Св. Илија. 
    - Од пролет до есен, кога е убаво времето сум тука. Се грижам за манастирот. Ама и природата ми оди во прилог на здравјето. Има црковен одбор, кој се грижи за манастирот. Додека можам, ќе работам во манастирот - вели Наде.
    Манастирот е омилено место за одмор и рекреација, особено за жителите што потекнуваат од овој крај, а се иселиле. Околината воодушевува со чистиот воздух и убавата питка вода. Манастирот има чардак и неколку соби во кои можат да ноќеваат 20 лица, уредена трпезарија, а поседува и солидна збирка на икони.

    Стале Чешелков 
    - ктитор на манастирот


    За големата благодарност кон дедо Стале Чешелков, иницијаторот за изградбата на манастирот, месното население го прогласило за ктитор на манастирската црква и за доживотен игумен на манастирот. По барање од месното население кон зографите по нивна желба бил насликан портретот на дедо Стале на ѕидот на манастирската црква. Имотната состојба на манастирот била добра за егзистенција на манастирските браќа и луѓето што работеле на манастирските имоти. Манастирот поседувал ниви, ливади, шуми, а од жива стока голем број овци, кози, говеда, пчели и др.
    Во манастирската црква е зачуван натпис од 1872 година, каде што пишува дека со помошта на православните христијани од околните села бил изграден манастирот од мајсторот Пере Лауца.
     
       
    Автор: Каролина Мицевска
    Views: 248 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024