Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 8 » У.Паскали: Дали Македонија ќе биде првата држава што ќе го исфрли Сорос?
    2:21 AM
    У.Паскали: Дали Македонија ќе биде првата држава што ќе го исфрли Сорос?

    У.Паскали: Дали Македонија ќе биде првата држава што ќе го исфрли Сорос?

    „По гротескното телевизиско интервју на поранешниот претседател и петтоколонаш парекселанс Бранко Црвенковски, меѓународните набљудувачи дојдоа до заклучок дека можеби малата Македонија ќе биде првата која ќе ја порази некогаш семоќната машинерија на Сорос.. “, рече меѓу другото во интервјуто за програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ, американскиот аналитичар и експерт за Балканот. Умберто Паскали, во анализата за можното враќање на Црвенковски во СДСМ.

     

    Паскали притоа додава и појаснува дека: ..„Зборовите, афективноста, говорот на телото... посочуваат кон вообичаениот насилен пристап, со нарцисоидни подтонови. Интервјуто, исто така, разјаснува дека Црвенковски мисли оти добил гаранции од вистинската сила, или подобро, од она што тој си замислува дека е вистинска сила, дека Македонија мора и ќе биде дестабилизирана“.

    Американскиот експерт натаму во својата анализа на интервјуто на Црвенковски вели: „ Поранешниот претседател на СДСМ, се чини сигурен (и среќен!) дека Македонија ќе биде осудена на болната судбина на другите жртви на обоените револуции, како Грузија, Украина или Србија. Несвесен за неговиот срамен приказ на сервилност, Црвенковски изјавува дека веќе е решено: Никола Груевски ќе заврши како Милошевиќ! Се чини дека не ги разбира страшните импликации од она што го вели. Како и оние мали кученца кои се однесуваат бесно и си ги покажуваат забите додека се под заштита на стопаните, Црвенковски претера. Но, низ неговата обесена, голема уста може јасно да го видиме бесот и импотенцијата на Џорџ Сорос. Господарот, новиот финансиски Џингис Кан се обидува да ја уништи Македонија веќе со години, да предизвика граѓанска војна, терористичко востание – ама џабе! Македонија се одбрани и станува се посилна. ..“ нагласува Паскали, и оценува: ...„ Но, човекот кој стана претседател по мистериозната смрт на претседателот Борис Трајковски, не разбира најдобро што се случува во светот на реалноста. Тој не сфаќа дека силата на која ѝ ја доверил душата, не е толку моќна колку што си мисли тој. Засега тој е само пресреќен што ‘силата’ повторно му даде дозвола да ја игра улогата на голем лидер. Најверојатно му било кажано да пази како се однесува со тие што го заземаа неговото место во СДСМ, да не биде осветољубив. Најверојатно експлицитно му е кажано: ‘Мораш да бидеш обединувач, да ги збереш заедно сите заскитани кучиња кои можеш да ги најдеш и да ги употребиш против избраната влада на твојата земја’. Тој е спремен да ја нападне сопствената земја, нема проблем; но не може да се воздржи од покренување на долна, нарцисоидна вендета против до оние ниски луѓе во СДСМ кои си мислеа дека можат да бидат подобри слуги на Сорос од него.

    Навлегувајќи во подлабока во интервјуто околу можното враќање на Црвенковски во политиката Паскали, со став:..„ Она што Црвенковски не го разбира, и премногу е самобендисан за воопшто да го земе предвид, е дека неговото повторно воспоставување во Македонија, години откако му беше кажано ‘да се губи оттука’, не е знак на битност, туку знак на очај кај неговите стопани. Тоа е знак дека Сорос и големите ајкули од Волстрит кои ја контролираат тековната англо-американска стратегија,се во вистинска паника..“, оценува Паскали.

    Осврнувајќи се на политиките на челникот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, Паскали вели: „.. Заев требаше да биде магичниот куршум, Македонија ќе беше колабирана од итрата игра на теледиригирани скандали... Само што Македонија не колабираше. Таа отвори нов фронт; ги реергенизираше и другите држави и ја отвори вратата кон нова политика на независност и просперитет на Балканот. Ова сега влијае, на позитивен начин, на големите држави од Европа: Германија, Франција, Италија. Македонија не е повторување на Украина, како што се надеваше. Таа е спротивност на Украина: победничка реакција на народ со мадиња да се бори...“, нагласува Паскали, и на крајот американскиот аналитичар не можеше да остане рамнодушен и додава:

    „Црвенковски е среќен дека големата сила го испрати да го скрши отпорот на Mакедонија. Тој не сфаќа дека неговото поставување наликува на офицер на германскиот Вермахт, кој испратен од Хитлер во Сталинград само неколку дена пред предавањето на германската армија. ..“, изјави во интервјуто за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ американскиот експерт за Балканот и ситуацијата во Македонија ,Умберто Паскали.

    Извор: “Макфакс“

    Views: 265 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024