Путин со фотографија од својот татко го предводел маршот на 250.000 Руси (ФОТО+ВИДЕО)
Рускиот претседател Владимир Путин го предводел денес големиот комеморативен марш преку Црвениот плоштад во Москва, на денот на прославата на 70-те години од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Држејќи во рацете портрет на својот татко Владимир, кој се борел во војната, Путин непланирано се приклучил на големата поворка од околу 250.000 Руси кои носеле фотографии на свои роднини, во кампањата наречена „Бесрмтниот полк“, поддржан од Кремљ.
„Мислам дека мојот татко, како милиони обични војници, а тој бил обичен војник, го има правото да прошета по овој плоштад“, им кажал Путин на новинарите на Црвениот плоштад.
Претседателот на Русија кажал дека кампањата во чест на паднатите војници и цивили е и симбол на силата на Русија.
„„Бесмртниот полк“ сведочи дека Русите ги памтат загинатите во Големата татковинска војна“, истакнал Путин. „Тоа е знак дека ќе го задржиме високото ниво што тие го поставија. Тоа зборува за нашата верба во себе, увереноста во нашата сила и среќната иднина на нашите деца“.
„Бесмртниот полк“ е јавна кампања која се одржува на 9 мај на Денот на победата во Русија и други земји во светот.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/putin-so-fotografija-od-svojot-tatko-go-predvodel-marshot-na-250000-rusi-fotovideo#5
Извор: “МКД“
|