Денеска и утре прогласени за денови на жалост
Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука за определување на деновите 10 мај (недела) и 11 мај (понеделник) како денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили.
Петте припадници на Министерството за внатрешни работи загинаа во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово.
На деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
Извор: “МКД“
|