ЛАВРОВ ЗА МАКЕДОНИЈА: МАКЕДОНИЈА Е ДЕСТАБИЛИЗИРАНА БИДЕЈЌИ НЕ САКА ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН РУСИЈА!
Влошувањето на ситуацијата во Македонија може да е поврзано со одбивањето на македонската Влада да се приклучи на санкциите кон Русија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ рече дека гасоводот Турски тек е уште една од причините за дестабилизација во земјава.
„Во врска со македонските случувања, веројатно се покажува она што јас го нарекувам менталитет на конфронтација, односно или – или. Не можам да судам со крајна увереност, но објективно произлегува дека настаните во Македонија се развиваат во заднината на откажувањето од страна на македонската влада да се приклучи на политиката на санкции против Русија и во атмосфера на активната поддршка што Скопје ја пројави во однос на плановите за изградна на гасоводот ‘Турски тек’, на што се противат многумина во Брисел и преку океанот. Така што не можеме да го пренебрегнеме чувството дека има некоја поврзаност“, изјави шефот на руската дипломатија Лавров на заедничката прес-конференција со српскиот колега Ивица Дачиќ.
Извор: “Инфомакс“
|