Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 7:21 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 17 » Л.Пинаско: ЕУ не смее да ја напушта македонската влада за да се избегне сценарио за граѓанска војна
    2:01 AM
    Л.Пинаско: ЕУ не смее да ја напушта македонската влада за да се избегне сценарио за граѓанска војна

    Л.Пинаско: ЕУ не смее да ја напушта македонската влада за да се избегне сценарио за граѓанска војна

    Џорџ Сорос, Викторија Нуланд и нивнaтa компанија се обидуваaт на секој начин да ja ставaт вo оган Република Македонија, изјави за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ, Лука Пинаско, италијански аналитичар и писател, според кој Европа мора да се ангажира да се избегнат „црните сценарија“ за внатрешни судири.

     

    „Нивните марионетки (на Сорос и на Нуланд) во Република Македонија, актуелниот ‘лидер на опозицијата’, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со поранешниот македонскиот претседател Бранко Црвенковски, сé повеќе ги продлабочуваат своите погрешни потези“, истакна Пинаско.

    Италијанскиот аналитичар појаснува дека „Повеќе од очигледно е дека беше бескорисно да се купуваaт локалните весници, да се направат стотици сајтови со пропаганда против државата, разните веб сајтови, како и телевизии .... Mакедонскиот народ е добро информиран и херојски дава отпор, имајќи ги предвид настаните и фактите кои се случија во Украина на киевскиот плоштад Мајдан“, појаснува.

    Задржувајќи се, според него, на креираната афера со прислушуваните телефонски разговори на функционери, како што тврди опозицијата, којашто се истражува во случајот „Пуч“, Пинаско оценува дека „И покрај високиот БДП, кои се ништо во споредба со парите управувани од страна на големи меѓународни инвестициски фондови, актуелниот премиер Груевски се бори со чесност и храброст да се избегне полошо сценарио, давајќи отпор на секаков вид напад, како што се обвинувањата за шпионирање на 20.000 Македонци, всушност работа оркестриранa од страна на ЦИА, како што Зоран Заев всушност призна во приватната средба“, смета Италијанецот.

    Според анализите на Пинаско „ваквиот напад врз македонскиот премиер“ доаѓаат поради „улогата на слабата алка на балканските земји за изградба на гасоводот Турски тек, кој ќе овозможи руски гас да се испорачува на Балканот“. „Со мирен Балкан ќе биде олеснета реализацијата на проектот „Новиот кинески Пат на свилата, проект којшто комерцијално ќе ги поврзе грчкото пристаниште Пиреја до Унгарија, a оттука срцето на Европа преку Македонија и Србија“, потенцира Пинаско.

    Италијанскиот аналитичар во интервјуто за „Гласот на народот“ речи и дека сепак „ајкулитe на големите финансии не се откажувaaт така лесно и тие сите се фокусираат на демонстрациите закажани на 17-ти мај“.

    „Целта на демонстрантите ќе биде да се остане на плоштадот со шатори, со денови, повторување на сценариото од другите немири, на пример Арапската пролет или ткн ‘обоени револуции’ во Украина и на други места во Европа. Атмосферата се загрева со неодамнешните настани во Куманово, каде што 40-ина вооружени лица се судрија со полицијата, предизвикувајќи сериозна дестабилизација и загинување на осум припадници на безбедносните сили. Западниот печат и опозицијата веднаш ја обвинија македонската влада за организирање на ваквото сценарио. Во реалноста тоа се третира како една задача - режија, терористи - герилци кои влегуваат од надвор и кои се дел од оние евтини платеници кои тајните институции на Западoт секогаш ќе ги чуваат подготвени за напад и кои се употребуваат како ‘кучиња на војната’. Српската влада е внимателна и веднаш ги испрати своите вооружени сили на границата со Македонија, за да се спречи ширењето на насилство. Груевски има способност да се спротивстави и да покаже спремност да се избегне сценарио на граѓанска војна!“, предупреди Пинаско.

    Истакна дека дури и владата на Албанија ги повика припадниците на албанската заедница во Македонија и нејзините челници да бидат претпазливи кон пристапот на најавените протести во Скопје.

    „Но, македонската влада не смее да биде напуштенa од страна на Европска унија. Тоа треба да биде примарен интерес на нашите влади, да ги обезбедат сите можности и да му помогнат на премиерот Никола Груевски да се осигури стабилноста на територијата на Македонија. Доколку се случат настани како во северна Африка, на Балканот, исто така, ќе настане хаос. Mојата земја, Италија, на прво место, но и цела Европа, ќе биде опкруженa со насилства“, вели Пинаско

    На крајот од разговорот Пинаско порача дека 17-ти мај „ќе се следи вообичаенатa скрипта“ којашто, како што оценува ја има следната содржина: „Неколку стотици, или илјади луѓе ќе бидат на улица, но медиуми објавуваат дека имало десетици илјади, дека некој ќе пука врз демонстрантите, па дека полицијата го направила тоа....“.

    „Сакам да му порачам на македонскиот народ: Останете смирени, не излегувајте на улица, разберете дека нивната цел е да се свртат Македонците едни против други, нивната цел е да се стави албанската заедница во позиција против државата, нивната цел е да ги уништи напорите кон придонес на мирот донесени од вашиот премиер Груевски. Тие се плашат од мирот на Балканот. Проектот за гасоводот и новиот кинески Пат на свилата ќе ви даде економски просперитет, мир и стабилност. Веруваjте му на вашиот премиер, тој е решен да го прави најдоброто за својот народ. Сигурен сум дека ќе ja видиме победата на гордите луѓе од Македонија“, смета Лука Пинаско, италијански аналитичар и писател во интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце.

    Извор: “Макфакс“

    Views: 231 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024