Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 8:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 17 » ЕКСКЛУЗИВНА НОВА КОЛУМНА НА КОБРИКО: САД VS РУСИЈА – ТРЕТА РУНДА!
    2:11 AM
    ЕКСКЛУЗИВНА НОВА КОЛУМНА НА КОБРИКО: САД VS РУСИЈА – ТРЕТА РУНДА!

    ЕКСКЛУЗИВНА НОВА КОЛУМНА НА КОБРИКО: САД VS РУСИЈА – ТРЕТА РУНДА!

    САД и Русија во моментот се инволвирани во вжештена борба во зениотот на Новата Студена ВОјна, со нивните последни судири кои се закануваат да ја вжештат ситуацијата во Македонија. Тие веќе спроведуваат такво сценарио во Украина, додека врз Сирија надвисна еден смртоносен ќорсокак додека тајната војна на САД се влече низ земјата веќе четврта година.

    andrej_korbiko

    Најновиот судир помеѓу двете Големи Сили сега се припрема да биде во Македонија, со шаблонот на САД кој го усоврши во нејзините две претходни кризи кои ги фрлија земјите во хаос сега се припрема и обоената револуција на 17 Мај. Терористите пресретната минатиот викенд во Куманово имаа задача да ги координираат нивните напади со носителите на Обоената Револуција во Македонија за време на Неделната дестабилизација, која ќе означеше спој помеѓу Обоена Револуција и Неконвенционални Воени елементи од политичките алатки на САД. Додека сите очи се кон Македонија за да се види што ќе се случи во Недела, вреди да се споменат и претходните две рудни на конфронтации за подобро да се разбере како Третата Рунда битки во континуитет кои ја означуваат новата Студена Војна ќе продолжат а кои се провоцирани од САД.

    ИСТО СЦЕНАРИО, РАЗЛИЧНИ ДРЖАВИ

    Она што се случува во Македонија е неоспорно продолжеток на веќе испробаната Американска тактика на дестабилизација, и го следи истото, идентично сценарио кое беше спроведено во Украина и Сирија претходно.

    orangeRevolution-Russia-Influence-Ukraine-061342150487-590x400

    Тематиката која ги поврзува Сирија, Украина и сега Македонија е во тоа што тоа се прокси војни помеѓу САД и Русија, во кои Вашингтон ја игра улогата на деструктивна офанзива, додека Русија ја држи улогата на стабилизирачка одбрана. Да објаснам, САД се стреми на смена на легално одбраните власти во земјите, додека Русија активно работи да ги зацврсти истите тие власти и да ги поддржи да се соочат со нападите. Руско-Украинската и Руско-Срисиката стратешка колаборација за време на смената на властите е добро позната, но во случајот со Руско-Македонските односи, врските се многу посензитивни и најчесто се движат помеѓу сенките. Тоа е бидејќи Македонската “официјална” политика за членство во НАТО и ЕУ, нејзниата влада и безбедносни служби неможат јавно да бидат презентирани како соработници со нивните Руски колеги, затоа врските со Русија се држат во тајност.

    Додека некои можеби се сомневаат дали такви врски постојат, тие можат само да продолжат да се сомневаат дали такви врски помеѓу Руската безбедносна служба потпомогнала да се открие масивното прислушување, и обидот за Пуч на Македонската влада, особено откако Западните сили беа обвинети за конспирацијата. Дополнително, назначувањето на економски експерт од Московскиот Државен институт за Меѓуанродни работи како Македонски амбасадор во Русија говори гласо за намерите на Скопје да ја продлабочи соработката со Москва. На врв на тоа, Русија ја поддржа Македонија кога се случи терористичкиот напад во Гошинце кој беше протлкуван како тест, а подоцна следеше и силена и остра осуда на терористичките напади во Куманово но и осуда за обидите за Обоена Револуција на Заев. Македонија беше една од ретките Европски држави кои го испратија нивниот Претседател во Москва да присуствува на Денот на Победата, Македонија исто така не спроведе санкции кон Русија, а за време на посетата на Ѓорѓе Иванов во Рускиот главен град, тој се сретна со Патријархот Кирил, привилегија типично резервирана за најважните Руски партнери. Земено заедно, секој може да види дека Русија многу култивираше големо влијание во Македонија, која е дел од поголемиот план за Балкански гасовод, и треба да биде претпоставено дека постои и соработка на контра-Обоена Револуција на безбедносните сили на Русија и Македонија.

    МОДЕЛ:

    ISIStank-captured-600x338

    САД имаат патентиран модел, дистинктивен шаблон за промена на легитимно избрани власти, кој е видлив и лесно препознатлив во ситуацијата во Македонија, перфектно извежбан по пробите во Сирија и Украина. Кога земјата е таргетирана за асиметричен напад, САД почнува со Обоена Револуција во обид да промовира “нежна” дестабилизација (која можеше да биде видена во Сирија и ЕвроМајданот, сценарија кои инволвираа на многу крвопролевање). Ако оваа тактика пропадне, и легитимно избраната власт не паде тогаш САД почнува со спроведување на Неконвенционална војна (тероризам) за да го зголеми притисокот со надеж дека ќе ја смени власта. Финалното сценарио во сите случаи е да се испровоцира конвенционална воена интервенција ако претходните две сценарија се неуспешни, иако такви сили деновиве се очекува да бидат презентирани како “хуманитарна интервенција/должност за заштита/анти-терористичка операција.

    САД успеаа да ги сменат владите во Украина со Обоена Револуција (во нивниот втор обид, декада по првиот) но тоа не се случи во Сирија, затоа во Сирија ескалираше Неконвенционална војна. Истата работа и се случува на Македониија во моментов, дури се инфилтрираат и тренирани борци на ИСИЛ. Обоената револуција пропаѓа, затоа сега борбата се префрла кон Неконвенционална Војна. САД намерно ги воскреснаа едни од најопасните терористички групи на Балканот, ОВК со цел да инциираат етнички поделби помеѓу Албанците и Македонците и да изградат планови за смена на власта. Во исто време, САД воведува и новитет преку одржување на Обоената револуција во живот и обидувајќи се да ја интегрира во Неконвецнионална војна.

    Стратегијата тука е да се аплицираат двојни механизми на притисок кои ќе принудат “пријателска конкуренција” меѓусебе, кои ќе се натпреваруваат кој прв ќе ја смени власта. Единствената причина зошто овој концепт е воопшто земен во предвид е бидејќи сценариото на Обоена револуција сеуште не е успешен, иако истата доби некаква поддршка од изманипулирани групи на млади луѓе. Со Обоената Револуција во живот преку силно пропагираните твитови и протести, Неконвенционалната Војна која е зависна од тероризам, операциите за смена на власта се на многу слаби социјални основи, сепак тие имаат потенцијал за масовна експанзија на 17 Мај, кога би можело да се соберат повеќе Албанци и возрасни луѓе.

     

    МАКЕДОНИЈА:

    Како директна консеквенца од војната на САД во Украина и контрамерките за уништивање на планот за Рускиот Турски тек/Балкански тек, Војната против Македонија започна. САД се предани на идејата за уништување на турскиот тек, бидејќи тие го гледаат неговото постоење како губење на влијанието на Америка на Балканот по “успехот” во Украина. Одозгора, тие сакаат да направат се што е неопходно за да превенираат Руско влијание да го преземе приматот на Балканот преку гасоводните планови, плашејќи се дека тие планови ќе предизвикаат “мултиполарен пуч” во стратешки ранливиот регион. Геополитиката диктира дека Македонија е тесно грло за било кои Север-Југ интеграции низ Балканот, затоа е франтичната битка помеѓу САД и Русија за нејзината стабилност и стратешка траекторија. Иднината на Балканот буквално тече низ Макеоднија, и нејзината дипозиција кон униполарен или мултиполарен свет ќе има континентален ефект и директно ќе влијае врз природата на односите САД-ЕУ и ЕУ-Русија.

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 251 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024