Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:00 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 18 » ЕЗЕРАТА – ПЛАНИНСКИ БИСЕРИ НИЗ ШАРА
    1:02 AM
    ЕЗЕРАТА – ПЛАНИНСКИ БИСЕРИ НИЗ ШАРА

    ЕЗЕРАТА – ПЛАНИНСКИ БИСЕРИ НИЗ ШАРА

    Францускиот патописец Ами Буе, кој ја проучувал Шар Планина, во своите импресии ја споредува со Пиринеите

    Гоjко Ефтоски



    Прекрасната Шар Планина се протега од Љуботен на север, па се' до над Вруток на јужната страна. Нејзиното било е долго 76 километри и се смета дека е најдолг планински венец на просторите на Балканот, по Велебит во Хрватска. По нејзините падини на источната и западната страна, нанижани како бисери, во природна големина и во планински услови, настанале и опстојуваат 39 езера, од кои 25 се постојани, а другите се повремени и настануваат главно во зависност од временските услови и топењето на снеговите. Според бројот на езерата, на Балканскиот Полуостров, Шара е на второ место веднаш по планината Рила во соседна Бугарија.

    Според мерења што ги направил Душан Кривокапиќ, познат планинар и патописец, деветте најголеми и постојани езера зафаќаат површина од 171.620 квадратни метри, а уште пет други, помали и постојани имаат вкупно 58.240 квадратни метри. Кривокапиќ сметал дека сите езера на Шар Планина зафаќаат површина од околу 250.000 квадратни метри.

    Различни се впечатоците на оние што ја поминале Шар Планина по должина и ширина. Секој ја претставува онака како што ја доживувал. Од нив ќе слушнете како во еден ден се доживуваат четирите годишни времиња според времето што како клима ќе надвисне: од снежни виулици и ветрови, дожд и пријатен планински воздух, до сончеви периоди. Шара има и најмногу сончеви денови во годината. Сепак, според мерењата, Боговињско езеро е најголемо, а сите се согласуваат дека природата била најдарежлива и најубави се Ливадичко и Бело езеро. Овие импресии постојано се предизвик љубителите на планината да се најдат по нејзините падини, да го доживеат планинскиот воздух и да се одушевуваат на доживеаните мигови или денови.

    Боговињско езеро се наоѓа меѓу Бристовец и Мала смерка на околу 1.960 метри надморска височина. Во него се влева и истекува Боговињска река. Неговите димензии се 452 на 225 метри, со длабочина од 4 до 5 метри. Има издолжен облик. Се верува дека некогаш ова езеро било двојно поголемо, но на неговите брегови се таложеле наноси, кои со евентуална желба и потреба можат и денес да го прошират.

    Ливадичко езеро прв го истражувал Ристо Николиќ во 1911 година. Се наоѓа на северозападната страна на планината, меѓу височинки, со впечатлива надвисната карпа над езерските води. Зафаќа простор од над два хектара. Водата е бистра и чиста, а ја дополнува Сочничкиот поток, но има и подводни извори. Од езерото излегува поток што влегува во Калуѓерска река. Испитувањата покажале дека дел од езерската вода понира.

    Бело езеро е со постојан водостој, независно од атмосферските талози. Се наоѓа на 2.280 метри надморска височина и зафаќа површина од 1,8 хектари. Сместено е во карпест базен со јајцевиден облик. Опколено е со зелени површини и сочна трева за пасишта. Моренскиот бедем е пресечен со плитко корито преку кое езерските води се одлеваат, вливајќи се во Боговињска река.

    Црно езеро е долго 248, а широко 185 метри. Зафаќа вкупна површина од над три хектари. Сместено е во карпест базен со лесно достапни брегови, мирни линии. Длабоко е околу шест метри.

    Челпински езера се наоѓаат на 2.250 метри надморска височина. Три се на број. Најголемото е со тркалезен облик со пречник од 60 метри, а длабочина од само половина метар. Трите езера спаѓаат во редот на повремени, бидејќи во услови кога нема дождливи денови, преку лето пресушуваат.

    Две езера – горно и долно ги нарекуваат Врачанските. Вистинската поставеност им е на над 2.100 метри, со пристојни димензии. Двете езера се наоѓаат на североисточната падина на Белокаменскиот гребен. Водата од горно езеро се излева кон долното, од каде завршува во реката Маздрача.

    Во овој „преглед“ на езера, ги набележуваме уште: Долнодоброшко, Горнодоброшко, Големојажинечко, Мало, Големо, Голем ѓол, Мал ѓол, Црн ѓол, Кривошиско, Ѓиноводно, Шутманско, Дефско, Дебељбешко...

    Заедничка карактеристика е што сите се наоѓаат на поголеми височини – над 2.100 метри, со различна температура на водата, зависно од годишното време. Езерата не се порибени, иако имало повеќе обиди, особено од риболовните друштва.

    Во брошурата „Прошетка по Шар Планина“, која во 2009 година излезе како заедничко издание на КРЕТ од Бијансон, општината Тетово, Француската алијанса во Тетово, планинарскиот клуб „Љуботен“, здружението „Еко-натура“ и амбасадите на Франција и Шпанија, особено станува збор за богатството на флора и фауна на целиот шарпланински масив, во кој се протегаат и езерата. Таму се вели дека дивокозите се бројни посетители по гребените, кралскиот орел во воздухот, мечките... „Околу езерата и на ледините, десетици различни видови цвеќиња се простираат во недоглед за време на летниот период. Подолу, густи полиња од папрат ги обвиткуваат дрвјата и рабовите на буковата шума... Ќе бидете изненадени кога ќе видите десетици птици-грабливки. Невознемирени од луѓето се среќаваат типичните видови животни, како волкот, рисот, мечката, дивата мачка, дивокозата, орелот, бувот, јастребот, еребицата, соколот. Има и изобилство од желки и жаби.“ Тоа е шаренилото на оваа вистински шарена и привлечна планина.

    „На таа планина, јас се воодушевувам, особено со моите ситни мигови на својот творечки напор, миговите кои направија да почувствувам нешто од оние големи уживања кои ги доживуваат истражувачи откривајќи непознати краишта.“ Вака пишува Душан Кривокапиќ во својот туристичко-географски приказ за Шар Планина, во декември 1958 година. Од сите патописци, планинари, писатели, творци, љубители на планински убавини, Кривокапиќ е единствениот не само што издал монографија за најголемата и најубава планина во Република Македонија, туку на неа и најдолго престојувал. Како што наведува, по пределите на Шар Планина во 1924 година на секторот Љуботен – Чаушица поминал седум месеци. Во 1935 година повторно се нашол на ограноците на Шара, а од 1953 до 1958 година вкупно поминал 106 денови, главно во летниот период.

    Сепак, најдолго патување Кривокапиќ имал во 1954 година кога со опрема тешка 90 килограми и во придружба на Љатиф Хаџимухамеди од Шипковица, во месноста Добра страна (2.540 метри), како највисока кота поминал 25 дена.

    Францускиот патописец Ами Буе, кој исто така ја проучувал Шар Планина, во своите импресии ја споредува со Пиринеите.

    За Шар Планина пишувал и германскиот патописец Франц Дофлајн, кој престојувал во 1917 година и кој вели: „Високо над бучната Пена, совладувајќи ги висините, пред нас се открива величествена панорама: зелени ливади со сочна трева и стогови сено. На планинскиот пејзаж особена чар и неизмерна убавина му даваат големите дебели буки, грандиозни костенови дрвја, раскошни и волшебно убави карпи, бистри извори, шумовити водопади... На овие простори се протегаат голем број планински езера...“.

    На убавините на Шар Планина и нејзините езера се воодушевувале и Љ. Ковачевиќ и Љ. Јовановиќ, потоа Ристо Николиќ кој овде престојувал во 1911 година и посебно се задржал токму на планинските езера. Тој пишува дека ги имало 25, но Душан Кривокапиќ потврдува дека се толку, како постојани, а дека вкупно ги има 39, сметајќи ги и повремените.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 522 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024