Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:02 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 18 » РЕПОРТАЖА - РЕКА - НАЈУБАВА ВО МАЈ
    1:13 AM
    РЕПОРТАЖА - РЕКА - НАЈУБАВА ВО МАЈ

    РЕПОРТАЖА - РЕКА - НАЈУБАВА ВО МАЈ

    Ако сакате да се одморите, да уживате во прекрасните природни убавини, дојдете во Река за да ја насладите душата, да си дадете оддишка од напорната работа, да ги наполните „батериите“... итн., ве покануваат долнореканци

     

    Киро Кипроски
    фото Дарко Цветаноски



    Кањонот на Радика


    Сончевите зраци се обидуваа да го осветлат кањонот на реката Радика. Горостасниот Кораб веќе го пече мајското сонце уште во раните утрински часови. Застануваме стотина метри пред месноста Трница, од правецот кон Дебар. Глетката е импресивна, неповторлива, ја регистрирам со фотоапарат да остане за спомен. Пред нас бујна вегетација, зеленило за милина, кога очите ги дигам кон височините гледам како шумата почнува да се буди, додека врвовите на Кораб се под дебела снежна покривка, од каде што сончевите зраци се одбиваат и ја плискаат околината.

    Продолжуваме. Внимателно возиме во правец кон Дебар, на патот има ударни дупки, на места и одрони на камења. Автомобилот се движи пополека, а ние уживаме во природните убавини на долината. Не знаеме каде да ги насочиме очите, лево или десно или пак право. Од двете страни на патот се издигнуваат планините, на места карпите се надвиснати на патот. Стигнуваме на месноста „Состав на реките“, од Шар Планина извира реката Радика, а во неа се влеваат и некогашните реки Мавровска, Леунска, Ниќифорска, кои се акумулираат во Мавровското Езеро, од испустот на браната на Мавровското Езеро, течат по вековното корито и се влеваат во Радика. 

    Рајска убавина на Долна Река ја надополнува и македонското древно духовно светилиште Бигорскиот манастир, со обновата на изгорениот Горен палат, со изградбата на Источен палат и на други објекти, сосема наликува на светогорскиот манастири. Последниве години посетеноста на „Бигорски“ е мошне големо. 

    „Во деновите на викендот посетеноста е голема. Преку илјада лица доаѓаат во посета на манастирот“, вели монахот Евросим. Исто така, гостинските соби во кои можат да се сместат 80 до 100 лица, постојано се полни.

    Од монахот дознаваме дека за домашните гости ноќевањето е бесплатно, а странските гости за ноќ плаќаат по 10 евра.

    Ростуше, Битуше, Дуфски водопад


    На спротивната страна на „Бигорски манастир“ се наоѓа општинскиот центар на Општина Маврово Ростуше, село Ростуше. Наша цел е да го посетиме водопадот Дуф. Пред да се влезе во селото, на 50 метри од Здравствениот дом „Д-р Русе Бошковски“, на почетокот на пешачката патека за водопадот Дуф, се наоѓа информативна табла со неколку фотографии и текст со кој туристите се запознаваат со основните карактеристики за оваа природна убавина и реткост.

    За триесетина минути пешачење по обележената и обезбедена планинарска патека и минати 1.020 метри, стигнавме кај водопадот Дуф. Пешачењето низ Дуфскиот кањонот беше возбудливо и интересно. Да се престојува во овој бисер на природата, во Националниот парк „Маврово“ е посебно доживување. Жуборот на пенливите води, кои во мај, се најбујни поради топењето на снегот на планината Дешат, престојот го прават уште повпечатлив. На патеката има неколку клупи и масички за одмор. Амбиентот е волшебен со зборови не може да се опише. По секои изминати стотина метри, ако на почетокот на патеката е рамна и задоволство да се оди, но има и движење по угорници, искачување на благи стрмнини, па спуштање надолу, движење по реката, минување низ четири дрвени мостови. Низ целата патеката, каде што има потреба, од страната на кањонот има дрвена ограда за безбедност на посетителите.

    Дуфскиот водопат е висок околу 28 метри. Глетката импресионира. Водата создава долга бела завеса, водата која паѓа од стрмната карпа се разнесува на оддалеченост на повеќе од дваесетина метри, при што причинува посебно задоволство и восхит на невообичаената појава. Стоејќи пред водопадот и гледајќи го паѓањето на водата од над дваесетина метри, за само неколку минути природно ќе бидете искапени. Ова особено е пријатно во летните месеци кога има пеколни горештини.

    Пред повеќе од половина век водите од водопадот се користеле за добивање на електрична енергија во најстарата хидроелектрична централа во Македонија. Но, за тоа сведочат напуштените канали. Во минатото, во бистрите води на реката, ростушанки на пролет и на есен ги переле јамболиите, клашните, облеката...

    Во ресторанот што се наоѓа сред село, во Ростуше, е собиралиште на ростушани и на гостите кои престојуваат во овој регион. Сопственикот на ресторанот ни вели дека последниве години особено во периодот мај - септември, зголемена е посетеноста на водопадот Дуф од домашни и странски туристи, а со тоа и прометот во кафеаната. Според него тоа не е доволно. Недостасува поголема и офанзивна реклама, за овој дар на природата да биде уште попосетен. На патот беа поставени повеќе дрвени кошници за отпадоци и импресионира што хигиената е на висина. Не забележавме расфрлани отпадоци на лименки од пијалаци, конзерви, пластични шишиња, отпадоци на амбалажа на производи, остатоци на не изедена храна, коски и сл. Хигиената е на висина што е за секоја пофалба на екологистите од овој крај кои се грижат за водопадот.

    Еднодневната тура со колегите ја завршивме со посета на прекрасното Битуше, на Митре Рафајлоски, што се наоѓа под горостасниот Крчин, на надморска височина од околу 1.000 метри. 

    Битуше е село со збиен тип во кое има 120 куќи, со мијачка архитектура, а во нив постојано живеат 50 лица, претежно пензионери, а пред повеќе од половина век живееја околу 800 лица.

    Една црква во две држави



    Над селото Битуше, кај некогашната караула се сретнавме со битушаните Зоран Мирчевски и Јаче Сиџимоски, кои се враќаа од прошетка.

    „Посетете го соборниот храм ’Архангел Михаил‘, што се наоѓа сретсело, во кое се наоѓа вреден иконостас, фрески, вредно дело на мијачките иконописци“, ни вели Мирчески и додава: „Во месноста Добје, на источната страна е црквата ’Св. Илија‘, а на 3-4 км од селото во месноста Покладиште е црквата ’Св. Спас‘. За Преображение, 19 август, со векови битушани го посетуваат храмот ’Преображение Христово‘, што се наоѓа на македонско-албанската граница“, се вклучи во разговорот Сиџимоски, кој ни појаснува дека границата минува низ средината на црквата. Влезот е од албанска страна, а олтарот се наоѓа во Македонија. Пред неколку години битушани изградија црква под самата граница, со цел да можат и во други периоди од годината да го посетуваат храмот.

    Пред нас се издигнува горостасниот Крчин (2.342 м), на кој се' уште има дебели наслаги на снег, а од височините има неколку водопади кои пејзажот го прават посебен. Вегетацијата се' уште е во развој, зеленилото и горските цвеќиња ги има на секаде. Од мината година започна реконструкција на некогашната караула, со препознатливата мијачка архитектура.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 325 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024