Нова стратешка пресметка за Балканот
Балканот се врати во првите редови на европската геополитика како резултат на новата Студена војна, во којашто САД и Русија преку посредничка војна се во конфронтација околу планираниот ткн „Балкански гасовод“ (или Турски тек) кој треба биде изграден низ овој регион. Геополитичките околности почнаа да се создаваат во 1990-те, кога цела поранешна Југославија беше паушално пикната во една фиока наречена Западен Балкан, се наведува во текстот на американскиот аналитичар Ендрју Корбико (Andrew Korybko) за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ„ на ТВ Сонце.
Балканот се врати во првите редови на европската геополитика како резултат на новата Студена војна, во којашто САД и Русија преку посредничка војна се во конфронтација околу планираниот Балкански гасовод којшто треба да се воспостави низ овој регион. Геополитичките околности почнаа да се создаваат во деведесеттите години од минатиот век, кога цела поранешна Југославија беше паушално пикната во една фиока наречена Западен Балкан. Поради справување со променливата стратешка реалност во регионот, неопходно е централен Балкан засебно да биде издлабен надвор од идејата за претходниот, а новата поделба на Балканот во Западен, Централен и Источен регион ја поедноставува анализата на современите развојни процеси и при нивното набљудување обезбедува стратешка крива за следење на натамошниот развој.
Истражувањето ќе се фокусира на Западниот и Централен Балкан, заради тоа што последниов сега е предмет на геополитички натпревар меѓу униполарниот и мултиполарниот свет. Источниот Балкан е веќе интегриран во НАТО и во однос на Централниот Балкан нема таков удел како западниот дел, иако неговата улога кога зборуваме за најновиот несокриван штит сочинет од регионални блокови е во подем и секако ќе биде разработен во некој иден дел. Дополнително на тоа, Грција зазема специјална улога затоа што се граничи со Западен, Централен и Источен Балкан и има посебен идентитет и историја, различни од останатите балкански држави, иако заради нејзината поширока геополитичка поставеност е групирана заедно со Централниот Балкан во контекст на овој дел. Како и да е, заслужува посебен осврт во иднина, иако авторот веќе се осврна на оваа тема во едно поранешно интервју.
Враќајки се назад во актуелниот текст, во првиот дел од пообемната анализа, Корибко, започнува со објаснувањето на реконцептуализацијата на Балканот и потоа хронолошки опишува како е дојдено до ваквото пренасочување во размислувањата. Потоа, Дел II ги испитува клучните карактеристики на Централниот Балкан пред да бидат понудени решенија за негова безбедност и забрзана интеграција во мултиполарниот свет.
Реконцептуализација
Балканот ја надмина својата традиционална поделба во западни и источни делови со создавањето на Централно-балканскиот стратешки концепт. Еве што точно се подразбира со предложената идеја:
Вообичаената категоризација на сите балкански парчиња од поранешна Југославија во Западната половина и Романија и Бугарија во Источната половина, со што се оставени Албанија и Грција значително недефинирани и разбрани едноставно како „Балкан„. Како образложение за ваквото разграничување е што поголемиот дел од поранешна Југославија помина ист процес на насилна фрагментација за време на 90-ите години од минатиот век, додека Романија и Бугарија ги избегнаа овие настани релативно без последици (но не и без да се соочени со свои посебни домашни предизвици). Во тоа време не постоеше потреба за цртање на географските особености меѓу поранешните југословенски републики, но формалното и де факто продирање на НАТО во поголемиот дел од географскиот спектар на поранешна Југославија, како и дијаметрално спротивните политички насоки на надворешната политика на нејзините поранешни членки, го формираа поттикот за адаптирање кон новата реалност и ревидирање на поранешната претстава за Западен Балкан.
Редефинирање:
Поради горенаведените причини, концептот на Западен Балкан треба да биде редефиниран и обновен за да се прилагоди на променливата геополитичка и стратешка природа на регионот. Во тој контекст Корибко препорачува:
Западен Балкан: Ги опфаќа НАТО државите Словенија, Хрватска и Албанија, како и НАТО протекторатот Босна и де факто НАТО членката Црна Гора. Гледајќи ја картата, може да се види како буквално го зафаќа западниот дел на Балканскиот Полуостров. Ако се спореди со централниот дел, Западен Балкан претставува бастион на униполарноста во регионот и стои наспроти неговите ‚изгубени’ мултиполарни соседи. Ова беше случај за време на Втората светска војна, за време на 1990ите, а и денес, со тоа што Хрватска и Албаниja продолжуваат да се однесуваат како северно-јужни агитатори од сенка во име на своите покровители.
Централен Балкан: Србија, Македонија и Грција ја сочинуваат најновата категорија на балканското стратешко мислење, и овој нов блок поминува низ географскиот центар на регионот, долж критичната рута север – југ. Поради привилегираната геополитичка позиција, за разлика од западните и источните делови, ја задржува ветувачката можност за формирање на коридор север-југ (балкански Свилен пат) којшто би можел да го поврзе Источниот Медитеран со Централна Европа и пошироко. Рускиот проект за Балканскиот гасовод ја обликува критичната осовина на овој нов ентитет (натаму нарекуван Балкански коридор – з.а) околу кој се очекува да гравитира натамошниот интегративен развој и според тоа, Москва ги охрабрува мултиполарните стремежи на нејзините партнери и ја продлабочува поддршката на нивните стратегии.
Аномалии:
Централно-западниот дел на Балканот со себе носи две многу важни геополитички аномалии кои што мора да ги разгледаме:
Република Српска: Овој ентитет се појави како наследство од распадот на Југославија во раните деведесетти години и како резултат од Дејтонскот договор од 1994 година, и ја обезбедува Србија со стратешко значење но исто така и со стратешка ранливост виза ви потенцијалниото распаѓање на Босна и/или хрватско или босанско-хрватска провокација. Постоењето на Република Српска може да се сфати како меч со две оштрици, меѓутоа, нејзиното значење на емоционално ниво значи дека таа никогаш нема да биде напуштена од Србија и дека заради тоа ќе се смета како де факто продолжеток на Централниот Балкан во конвенционалната територија на Западен Балкан (Босна).
Косово: Поранечната српска покраина Косово е моментално окупирана од западните сили (американската база Бондстил е една од најголемите американски воени бази во Европа) и е илегално одвоена од Србија во 2008 година со поддршка од Западот. Функционира како западна продолжена рака која задира директно во Централниот Балкан, чијшто географски дел е (но не и де факто политички дел). Од овие две, окупираната српска покраина Косово, многу подиректно е под контрола на Западот и многу посилно претставува кон напред усмерена тупаница за униполарна агресија, отколку што Република Српска е мултиполарна одбрана за Србија и Централниот Балкан.
Хронолошка прогресија на западно-централната Балканска поделба
Стратешкиот концепт на Централен Балкан не е формиран преку ноќ и добро е да се истакнат клучните случувања коишто доведоа до неговата логична концептуализација. Катализатор за неговото создавање беа напорите на униполарниот свет да се потисне Србија и заедно со Македонија двете држави да се приклештат кон ЕУ како нејзини политички и економски слепи црева („Нови Бугарии“), додека, пак, Грција секогаш се наоѓала надвор од европскиот ‚мејнстрим’ и историски се однесувала како мост меѓу истокот и западот. Заквачувањето на српскиот и македонскиот отпор за некомпатибилноста на грчкиот идентитет за засилување на наметнатата ‚европеизација’ (денес манифестирана како тешка присила) го обезбеди идеалниот микс за отцепување на овие држави од униполарниот Западен Балкан и стратешка инкорпорација во нивната сопствена мултиполарна централнобалканска категорија поставена околу Балканскиот гасовод.
Следниов хронолошки приказ се осврнува на геополитичкото насилство во однос на Србија и Македонија откако тамошните драматични настани ги покренаа таквите одлуки на надворешната политика кои на крајот доведоа до нивно партнерство со Русија и престројување према мултиполарниот свет:
Пред 1991: Србија го сочинуваше гравитациониот центар на Југославија и според тоа на целиот Западен Балкан.
Од 1991 до 1994: Југославија во овие години формално почна да се распаѓа, со помош на Хрватска која служеше како главен играч во сенка за забрзување на овој процес. Етничкото чистење и геноцидот на Србите во Хрватска и Босна доведе до смалување на териториите населени со Срби и како последица на тоа таквите територии беа задржани од соседните поранешни југословенски републики, а не инкорпорирани како припадни делови на Србија. Зоните кои што можеа концептуално да бидат инкорпорирани во Централен Балкан (во смисла на подрачја со српско население) географски останаа во нивните Западнобалкански зони за подоцнежно формално или де факто инкорпорирање во НАТО, со тоа создавајќи терен за поделба на централно-западниот Балкан.
Во 1994: Дејтонскиот договор претставуваше привремен прекин на кампањата за поделба на Србија, но во меѓувреме нејзиното водство беше демонизирано и беа направени планови за следниот чекор на дестабилизација; формалното прекројување на нејзините интернационално признати граници и тестирањето на новите технологија за промена на режими, Обоените револуции.
Во 1999: НАТО ја лансира својата формална агресија врз Србија (во тоа време сеуште позната како Југославија) со цел да го украде Косово, колевката на српската цивилизација како и заради воспоставување на стратешка база во срцето на Централниот Балкан. Во тоа време Хрватска ја проследи штафетата на анти-српската дестабилизација во рацете на албанскиот партнер и Тирана стана примарниот регионален сојузник зад кој што САД можеше да оперира од сенка. САД исто така за прв пат демонстрираа дека постои подготвеност за употреба на сила за да создаде Голема Албанија, политички погоден државен клиент и предвидливо орудие за униполарност на Балканот.
Во 2000: САД го реализираа државниот удар против Слободан Милошевиќ на тој начин што успешно ја испробаа првата „обоена револуција“ („Булдожерската револуција”), една политичка технологија која подоцна ќе биде усовршувана на најразлични други бини и којашто 15 години подоцна како бумеранг ќе се врати на Балканот заради нејзина примена во Македонија.
Во 2001: Албанската дестабилизација во Македонија кулминира во „мека” интервенција на НАТО и имплементацијата на Охридскиот договор, со којшто од една страна на албанското малцинство му беа загарантирани најдарежливите малцински права во светот, а од друга страна го направи подложно за манипулации од страна на западните политички сили. Очекувањето на Западот беше, на тој начин да се создаде лост за длабинско и бесконечно влијание со цел да се „киднапира“ независноста на Македонија и да се усмерува кон нејзина униполарна потчинетост.
Во 2006:Црна Гора гласа за независност од Србија (која во тоа време сé уште се вика Југославија) и станува последната компонента на западнобалканската про-американска констелација.
Во 2008: Окупираната српската покраина Косово, унилатерално прогласува независност, како што ѝ е наредено од нејзините западни окупатори, како потег наменет за ‚легитимирање’ на нејзиното присуство во регионот и со цел, Србија и Македонија континуирано да се држат под контрола. Понатаму ова претставуваше формализација на униполарното продирање на Западниот Балкан во срцето на Централниот Балкан.
Во 2009: Тоа што двете најистакнати американски балкански земји - партнери од сенка, Албанија и Хрватска, се придружија на НАТО во последното проширување на овој воен сојуз, секако дека не е случајност. САД ги наградија и двете сојузнички за нивната дестабилизација на Србија, поранешното јадро на Западниот Балкан, заштитувајќи ги со гаранции за заедничка одбрана во случај на било какви идни провокативни активности против Србија (или во случајот на Албанија, против Македонија).
Од 2000 до 2010: Белград и Скопје ги изјавија своите официјална намери за интеграција во ЕУ и НАТО, меѓутоа српските и македонските конкретни горди противења да ја признаат илегално наметнатата ‚независност’ на Косово, односно да прифатат промена на уставното име, ги остави да чекаат на самата периферија на овие процеси и ги замрзна нивните евро-атлантски амбиции. Тоа, пак, предизвика да ги преиспитаат своите стратешки определби и во еден момент доведе до нивно сензибилизирање во однос на мултиполарната оска која што ја ставија во движење во моментот кога се согласија на партнертство со Русија во изградбата на Балканскиот гасовод. Лекцијата којашто треба да се научи е дека непочитта којашто Западот ја манифестира према внатрешната легислатура, сувереноста и независноста на овие две земји доведе до нешто што може да се смета за прва „побуна“ против ЕУ. Овие две земји се единствените земји коишто застанаа во одбрана на својот идентитет, одбивајќи да бидат малтретирани од Брисел, како што сите други членки на ЕУ (вклучително „бунтовниците“ како Грција) барем во еден момент мораа да ја жртвуваат концепцијата за самите себе, за да станат дел од пошироката европска „целина“.
Антивладини протести во Скопје, 17 мај 2015: Откако беше обвинет за обид за извршување на државен удар во јануари, претседателот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, реагира со иницирање на негов обид за „обоена револуција“ во Македонија. Подоцна во април, албанскиот премиер Еди Рама формално ја објави својата намера за создавање на Голема Албанија, а на крајот на истиот месец малото македонско Гошинце беше бината за терористички пробен напад од страна на сепаратистичката терористичка група Ослободителна војска на Косово. Само неколку дена подоцна, терористички напад го препадна градот Зворник во Република Српска, најверојатно инсцениран како средство за испраќање на индиректен заканувачки сигнал кон Србија. Приближно една недела подоцна северниот македонски град Куманово беше бина за смртоносно терористичко насилство од ОВК што претставуваше прв удар во кампањата за Голема Албанија режирана од страна на Америка и насочена против прагматичната влада на Македонија и плановите на Русија за Балканскиот гасовод.
Извор: “Макфакс“
|